14.8 C
Скопје
19:55 - 28 март, 2024

Кејт Мидлтон можеби навистина носи евтина облека, но затоа воопшто не штеди на накит: Колку вреди еден нејзин прстен?

Instagram

Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е препознатлива по својот минималистички стил на облекување и е една од ретките дами од кралското семејство што носи евтина облека. Кејт прекрасно го носи секој стајлинг и секогаш го надополнува со прекрасен накит. Веќе како постар член на кралското семејство, Кејт почна да добива привилегија да носи парчиња накит од кралската колекција.

Instagram

Мидлтон носи дијадеми, обетки, прстени парчиња кралски накит кои припаѓале на кралицата и кои веројатно еден ден ќе ги носи нејзината ќерка или снаа.

На многу фотографии Кејт јавноста го забележа накитот што некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Познат е фактот и нејзиниот веренички прстен од сафир и дијамант е дел од кралската колекција, прстен што прицот Чарлс ѝ го дал на принцезата Дајана.

Instagram

Вредноста на прстенот се проценува над 28.000 фунти кога бил изработен, а денес би чинел неверојатни 300.000 фунти.

Војвотката од Кембриџ носи и обетки со дијамант и сафир од принцезата Дајана.

Овие обетки од сафир и дијамант, кои први ги носеше Дајана, ги обнови Кејт според нејзиниот личен вкус“, изјави Еди Левијан за магазинот „Express“.

Се веруваше дека сафирот е омилен скапоцен камен на принцезата Дајана, а очигледно Кејт ја задржува традицијата во модернизирана верзија. Најверојатно скапоцените камења ја воодушевуваат и војвотката Кејт, имајќи ја предвид кралската историја на носење елегантен, софистициран и разноврсен накит.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....