6.8 C
Скопје
06:14 - 29 март, 2024

Три „бјути“ навики од кои би требало да се откажете за време на коронавирусот

Козметичките салони станаат дел од наште животи, без кои скоро и да не можеме. Сепак, поради целокупната ситуација и пандемијата во големиот број земји, ве советуваме одредени услуги да ги одложите додека не се стабилизира ситуацијата. Бидете трпеливи, негувајте се дома, а ние ви откриваме кои бјути третмани се наоѓаат меѓу првите кога е во прашање откажувањето.

Третмани на коса

Дури и ако сте се договориле со фризерката пред шест месеци за промени, можете да почекате барем уште еден месец. Не е паметно да се занимавате со третмани на коса, бидејќи покрај вас најверојатно ќе седи друг клиент: не можете да знаете дали тој неодамна бил во странство или контактирал со странци. Во секој случај, посетата на салон е подобро да ја одложите. Покрај тоа, сега постојат разни средства за нега на коса и дома. Маските со различен ефект можат да се нарачаат и тоа без да го напуштите домот. Се надеваме ќе бидете задоволни со резултатот.

Третмани за лице

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува со капки од плунка низ воздухот. Поради тоа би требало да имаме помалку контакти со другите луѓе. Инаку, многу луѓе „ го игнорираат“ овој вирус, бидејќи како што велат, имаат добар имунитет или се во инкубациски период. Современите козметичарски производи ќе ви помагнат да го направите потребниот третман дома. На пример, четката за длабинско чистење на лицето, пилинг на мртвите клетки и нега на кожата со маски. Задолжително прочитајте го упатството за употреба да за го добиете саканиот ефект.

Маникир

Вирусот Ковид -19 може да влезе преку уста, нос или очи ако ги допрете со нечсити раце. Топло се препорачува да се придржувате кон овие хигиенски правила и да користите средства за чистење. Многу е тешко да ја контролирате ситуацијата за време на маникир, бидејќи вашите раце околу еден час се на масата на козметичарката. Можете лесно несвесно да се допрете за лице. Ве советуваме да го отфрлите маникирот како можност да ги одморите ноктите од гелот. Ова треба периодично да го правите за да може плочката на ноктот да се регенерира.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....