23.8 C
Скопје
14:51 - 29 март, 2024

Tајната на младешкиот и свеж изглед на Џесика Алба (ВИДЕО)

Ако се прашувате како Џесика Алба во четвртата деценија од животот може да изгледа како да има 20 години, нејзините „мејкап“-навики би можеле да ги решат мистериите.

Иако години наназад ја нарекуваат природна убавица на која не ѝ е потребна шминка, таа во видео за американскиот „Вог“ открива дека правилната нега на кожата, чистите производи и начинот на кој ја нанесува шминката значително ѝ помагаат во одржување на младоликиот изглед. Токму затоа одлучила да ги сподели своите дневни навики на кои им е верна со години и никако не ги прескокнува.

Нејзината утринска навика веднаш по миењето лице е ставање антиоксидантна маска за лице која ја користи секојдневно.

„Нанесувам маска после тренинг и одам да пијам кафе и да се дружам со децата“-изјавила актерката. После маската следи хидрантна крема после која го масирам лицето по совет на една корејска пријателка.“

После хидрантната крема Џесика нанесува крема на база на вода во обилни количини, со која се масира со специјален уред кој ја поттикнува циркулацијата.

Во меѓувреме прави пилинг за усни и го нанесува хранливиот балсам. Под очите нанесува гел-маска и почнува да се шминка. Шминкањето го започнува со пудра. На оние делови на лицето каде кожата е помасна става мат, а на остатокот на лицето посветла пудра. На капаците на очите нанесува мат, потоа ја меша со млечно бела сенка. Најчесто се одлучува за „smokey-eye“ во кафеава боја, за да го постигне ефектот користи миксови од течни и компактни сенки. После течната нанесува камена пудра потемна од нејзината боја на кожа на деловите каде што сака да има контури. А на деловите што сака да ги осветли нанесува посветла пудра. За да го изедначи тенот, Џесика на лицето нанесува ЦЦ крема која исто така ја контурира кожата. Коректор става само под очите. А пудра во прав само на деловите на лицето каде сака да има отсјај. На контурите нанесува бронзер во прав, а здравиот изглед на лицето го дава со кремасто руменило.

Драматичниот изглед на лицето Џесика го постигнува со кафеав молив за очи и римел кој го нанесува откако ги пополнила веѓите кои ги чешла нагоре за да изгледаат природно разбушавени.
На усните нанесува светло црвенило кое го тапка со прстот, а потоа само на средина потемно и на крај балсам. Шминкањето го завршува со уште малку пудра во прав под очите.
Ако сакате да го погледнете целиот процес, погледнете го видеото.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....