5.8 C
Скопје
02:34 - 29 март, 2024

Селин Дион со храбра изјава: Ако си се допаѓам самата, не сакам воопшто да разговарам

Селин Дион често е на удар на модните критичари ширум светот, додека едни ја фалат, други сметаат дека нејзиниот стил не е примерен за нејзините години, но таа не отстапува од своите комбинации.

За гласовните можности на Селин Дион сите се согласни – ѝ нема рамна. Но кога е во прашање нејзиниот стил, мислењата се поделени.

View this post on Instagram

#celinedion #queen

A post shared by Fan_De_Céline (@fan_de_celine_68) on

Иако води сметка и ги следи светските модни трендови, пејачката често знае да изненади со својот избор и комбинација, особено во последните години. Фановите ја осудуваат дека е преслаба, но таа на тоа има јасен одговор:

-Ако си се допаѓам самата себеси онаква каква што сум, не сакам воопшто да разговарам за тоа. Немојте да ме гњавите, не ме фотографирајте. Ако ви се допаѓам, одлично. Ако не ви се допаѓам, тогаш едноставно оставете ме на мира –рече пејачката, која после смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжели долго беше во депресија и драстично ослабна.

Јавноста со нетрпение го очекува секое нејзино појавување во јавноста – што ќе облече сега ?

Нејзиното последно позирање пред фотографите на улиците на Њујорк помина повеќе од одлично.

View this post on Instagram

Mood#celinedion #chic

A post shared by Violeta Didi (@violedidi35) on

Сето тоа зборува дека нејзиниот стајлинг и тоа како е интересен.

Носеше едноделен фустан-капут со интересни принтови, со кој вклопи каиш со кафеави нијанси. За заокружување на изгледот пејачката се одлучи за преубав шешир, долги црни чизми и модерни очила.

Но, при нејзиното претходно појавување на улиците американскиот главен град мислењата беа поделени. Иако не се плаши да експериментира со боите, дезените и материјалите, овојпат сите ги изненади.

Селин гордо и самоуверено се појави на улиците на Њујорк во бела ролка и капут со совршен дезен, и свилени хулахопки со ист дезен. Белите чевли се речиси невидливи во целата комбинација.
Како и да е, можеме да заклучиме дека пејачката вешто ги комбинира различните стилови и бои и што е најважно ги носи на најдобар можен начин.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....