19.8 C
Скопје
11:00 - 28 март, 2024

Од принцезата Дајана до Џенифер Анистон и Џеј Ло: Ова се најдобрите „одмазднички стајлинзи“ низ годините (ФОТО)

Принцезата Дајана скоро никогаш не го носела фустанот, кој сега се смета за потомок на „одмаздничките стајлинзи“. Направен за неа од грчката дизајнерка Кристина Стамболијан, бил во нејзиниот гардеробер скоро три години, бидејќи Дајана сметала дека е премногу смел.

Во последен момент одлучила да го облече за летната забава на „Серпентина“, во јуни 1994 година.

Profimedia

Наводно требало да носи нешто од Валентино, но се премислила. Тоа била ноќта кога се емитувала контроверзната телевизиска програма, во која иле изнесени детали од прељубничката афера на принцот Чарлс со Камила Паркер-Боулс, сега војвотката од Корнвол.

„Сакаше да изгледа како милион долари и тоа се случи“, рече поранешната стилистка и уредничка на „Вог“, Ана Харви.

Овој момент јавноста го нарече „одмаздничко расположение“ а во продолжение ви ги претставуваме најдобрите изданија на „одмаздничко расположение“ во светот на славните.

Бела Хадид (2017)

Profimedia
Profimedia

Мет галата во 2017 година за Бела Хадид беше можност да го покаже своето совршено тело пред нејзиното бившо момче Д Викенд, кој на настанот присуствуваше со новата девојка Селена Гомез.

Џенифер Анистон (2005)

Профимедиа

На премиерата на филмот „Derailed“, Анистон изгледаше сосема спротивно од очекуваното. Во светкав фустан од Шанел покажа дека нема да им подлегне на озборувањата за распадот на нејзиниот брак со Бред Пит.

Џенифер Лопез (2004)

Профимедиа

По раскинувањето на свршувачката со Бен Афлек, Џенифер Лопез се појави на блескавиот црвениот тепих на доделувањето на Златни глобуси во грчки стил, дефинирајќи што буквално значи „блескав“.

Елизабет Харли (2000)

Профимедиа

Елизабет Харли на забавата за Валентино Гаравани излезе во сензационално издание. Возбудливото деколте и силуетата што и ја оцртуваше нејзиниот фустан, цртаа јасна линија под нејзината врска со Хју Грант, со кого се раздели поради скандалот со неговото неверство.

Аријана Гранде (2018)

Профимедиа

Откако ја прекина свршувачката со Пит Дејвидсон по романтичната романса, Аријана Гранде се потруди да изгледа како да зрачи со позитивна енергија.

Ирина Шајк (2019)

Profimedia

Кој подобро ќе го смисли „одмаздничкиот изглед“ од Донатела Версаче? По раскинувањето со Бредли Купер, Ирина Шајк прошета по модната писта во Милано во победничко издание.

Кристен Стјуарт (2013)

Профимедиа

Фатена во таблоидна бура откако раскина со своето долгогодишно момче, Роберт Патинсон, Кристен Стјуарт излезе во сериозно издание на „Шанел“, сакајќи да докаже дека е недопирлива.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....