16.8 C
Скопје
20:20 - 16 април, 2024

Најдобрата диета за 2020 година!

Стручњаците ни го даваат одговорот на најбараното прашање од сите што мака мачат со вишокот килограми – која е најдобрата диета во 2020 година! Критериуми што се земени предвид се дека најдобрата диета треба да дејствува релативно брзо, да биде здрава, економична и лесно да се применува.

Двата главни недостатоци на секоја диета се дека луѓето најчесто не се сосема задоволни од резултатите и дека е многу тешко да се држи една диета подолг период.

1. Диета 16:8 или автофагија

Автофагијата е најголемиот хит оваа година! Автофагијата можеме да ја претставиме како привремен пост што има многубројни благодати за организмот, вклучувајќи го и регулирањето на прекумерната тежина. За значењето на автофагијата доволно зборува податокот дека во врска со нејзините истражувања беше доделена Нобеловата награда за медицина во 2016 година. Ова е доволна причина диетата да се најде на првото место за најдобра диета од 2020 година. Процесот на автофагија се одвива во текот на гладувањето кога клетките почнуваат да се „јадат самите себе“ и со тоа се разложуваат и се „рециклираат“ оштетените, старите или канцерогените клетки, а сѐ со цел да се контролира телесната тежина и да се продолжи животниот век. Иако се препорачува формулата 16:8, автофагијата го достигнува својот целосен ефект веќе по 12 часа гладување. Според тоа, познатата диета од 16:8, може да ја држите по принципот 12:12. Значи, јадете 12 часа, а 12 часа можете да пиете само вода. Така се намалува периодот без храна, што е главната тешкотија за повеќето луѓе што ја практикуваат оваа диета.

2. Грејпфрут диета – брза диета што ги топи килограмите

Диетата со грејпфрут е една од најстарите диети што даваат одлични резултати. Затоа диетата со грејпфрут вклучува само консумирање грејпфрут во траење од една недела. Втората варијанта на грејпфрут диетата е, според наше мислење, многу подобра и полесна за спроведување. Грејпфрутот се консумира пред секој оброк што го сочинуваат одбрани намирници. Причината поради која многумина ја избегнуваат оваа диета е горчливиот вкус на ова овошје. Секој ден со појадокот, а по можност и со ручекот, користете грејпфрут или сок од грејпфрут.

3. Антистрес диета

Стресот денес е повеќе присутен од кога и да е. Не можеме да го избегнеме, тоа е дел од секојдневниот живот. Стресот е исто така една од најголемите причини за дебелеењето, затоа возвратете му го ударот со антистрес диетата. Таа вклучува консумирање храна со антистрес ефект: портокали, авокадо, суров зеленчук, ф’стаци, темна чоколада, шафран… Практикувајте и полесни вежби, бидејќи е потврдено дека при вежбањето се ослободува ендорфин, хормон што предизвикува добро расположение.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....