Која е разликата помеѓу „second hand“ и „vintage“

Со оглед на фактот што денес тренд се моделите како оние во последните неколку епохи, од 90-тите па наназад се до 60-те години – многу љубители на модата со право се откажаа од купувањето на нови парчиња. Понекогаш сме среќни што не сме се ослободиле од одредени модели во плакарите, кои стоеле со години.

Истражувањата од екологијата во последните неколку децении укажуваат: Текстилната индустрија е на високото трето место, на листата од најголемите глобални загадувачи. Поради ова се препорачува помало производство на облека, а постоечката да се продаде како половна или да се употреби на нов начин.

Втората причина за купување половна облека или носење на старата, е заштедата на финансии.

Побарувачката во продавниците за „second hand“ и „vintage“никогаш не била поголема од денес.

Постои значителна разлика помеѓу облеката која се нарекува „second hand“ и „vintage“.

Поточно, „second hand“се однесува на се што некој веќе го носел претходно. Тоа не подразбира само еден сопственик, затоа не мора да биде секогаш „втора рака“, туку може да биде и трета или пак петта.

Квалитетот не е утврден при изборот на производи, што се наоѓаат на полиците во бутиците за половна роба. Може да наидете на видно истрошени парчиња, но и на парчиња со висок квалитет и скоро нови.

Кога станува збор за „vintage “ гардеробата, најдоброто објаснување е следното: Тоа е како вкус на вино, кое доаѓа од година со добра жетва. Терминот „vintage“ означува квалитет.

Добрата „жетва“ во светот на модата укажува на 80-тите, 70-тите и 20-тите години на минатиот век. Како „vintage“ парчиња се сметаат оние кои беа произведени најмалку пред 20 години. Додека сите постари од сто години, се сметаат за антички парчиња.

Слични објави

Како Пикасо го насликал плакатот за „Битката на Неретва“ и колку му платиле за тоа?

Еспресо

Дуа Липа објави слика на која пишува: „Зошто Косово нема да биде Србија“, па следеше одговор од Карлеуша! (ФОТО)

Васко Спасоски

Манекенката ја разбудиле од анестезија додека била на операција на мозокот

Еспресо

Еве како оваа сезона ќе го носиме летниот класик: Тексас шорцевите се основа на секоја добра комбинација! (ФОТО)

Еспресо

Кристијан Диор: Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе! (ФОТО)

Igor

Џенифер Анистон е фраерка во црна модна комбинација

Igor

Остави Коментар

осум − четири =

Слични објави

Хороскоп за 29 јули: Ќе слушнете вести што ќе ви јa зголемат самодовербата

Еспресо

Меланија Трамп на удар на јавноста поради редизајнот на култната Градина на розите на Џеки Кенеди (ФОТО)

Еспресо

Запознајте се со Хеиди, манекенката на која и излезе градата во Кан (ФОТО+ВИДЕО)

Igor

Каде летово на одмор? Спејко ни открива каде има најубав поглед во Македонија! (ФОТО)

Васко Спасоски

Сега и официјално: Оваа боја е главниот летен тренд! (ФОТО)

Igor

Пет земји во Европа што немаат свој аеродром: До нив никако не можете да стигнете со авион

Еспресо