Бидете задоволни со својот надворешен изглед: Подгответе уникатен коктел за слабеење

Напитокот што ќе ви го регенерира целиот организам се состои од само две состојки и воопшто не е тежок за подготовка

Слабеењето е долг и макотрпен процес доколку не знаете како да ја комбинирате храната.
Кога станува збор за намалувањето на телесната тежина, освен физичките потреби, кај луѓето се создаваат и проблеми што се поврзани со недостигот на слободно време, кое е потребно за да се „затворите“ во кујна и да подготвите оброк каков што е наложен во начинот на исхрана според кој сте решиле да се водите за да ослабете.

Сето тоа предизвикува нов стрес за организмот. Затоа, избегнувајте да следите строги режими на исхрана, со кои се гарантира дека ќе ја постигнете посакуваната телесна тежина ако во конкретен ден, јадете конкретно посочена храна.

Со оглед на денешното темпо на живот, кога секој од нас брза во исполнување на секојдневните обврски, тоа би било многу напорно. Затоа, за да имате вита става, секогаш барајте го полесниот начин за да ја постигнете целта.

Освен што комплетно ќе ја исфрлите храната богата со масти, холестерол и шеќер, за да ја постигнете целта, можете да подготвувате и коктел за слабеење.

За 30 дена, пет килограми помалку

Ако сакате секое утро наместо кафе да пиете коктел од кефир и сливи, тогаш успехот дека наскоро ќе ја имате посакуваната тежина е загарантиран. Освен тоа што ќе ослабете, со овој напиток ќе го прочистите и организмот од наталожените токсини.

Не само што е здрав и што многу ќе помогне да ја подобрите работата на цревата, со помош на овој напиток без притоа да внимавате на исхраната или да вложувате каков било дополнителен труд, во рок од триесетина дена ќе ослабнете од три до пет килограми.

Со редовното консумирање на овој напиток освен што ќе ги намалите килограмите, ќе го намалите и обемот на телото, особено во делот на стомакот.

Потребни ви се само две состојки

Напитокот што ќе ви го регенерира целиот организам се состои од само две состојки и воопшто не е тежок за подготовка. Сѐ што е потребно е да земете околу 250 грама кефир, во кој ќе додадете поголемо количество свежи сливи и малку вода за да биде редок и да можете да го пиете.
Откако ќе ги измешате потребните состојки, со блендер убаво измиксирајте го напитокот и внесувајте го наместо појадок. Покрај редовното консумирање на кефирот во комбинација со сливи, за да се постигне посакуваниот ефект, задолжително во текот на денот мора да консумирате најмалку два литри вода за да се одвива непречено процесот на детоксикација.

Ќе се чувствувате подобро и ќе го намалите обемот на стомакот

Токму кефирот и сливите најдобро влијаат врз работата на дигестивниот систем што е многу важно за луѓето што имаат т.н. мрзливи црева.

Кефирот важи за најмоќен пробиотик, кој не само што е пријатен за цревата, туку на организмот му делува и како антибиотик, а исто така помага и во борбата со остеопорозата, астмата и одредени видови алергии.

Од друга страна, пак, сливите се познати по своето лаксативно дејство и веќе долго време се користат за решавање проблеми со запек. Сливите во својот состав изобилуваат со растителни влакна, кои се многу важни за редовна столица, а исто така го намалуваат и чувството на глад и на нелагодност во стомакот.

Слични објави

Едноставна и неодолива: Меланија во фустан погоден за секоја прилика! (ФОТО)

Igor

Селена Гомез во хипнотизирачки панталони! (ФОТО)

Еспресо

Ставете мед на косата и ќе се воодушевите: Ќе имате прамени како од фризерски салон!

Еспресо

Продаден првиот ДИГИТАЛЕН ФУСТАН: Чини 9.500 долари, а не може да се облече

Igor

Мини сукња: Како да ја комбинирате за да изгледате ОДЛИЧНО во секоја прилика (ФОТО)

Igor

Блуза која ќе го одбележи крајот на летото и почетокот на есента: Хит модел кој одговара на се (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

2 × четири =

Слични објави

Капути кои треба да ги облече секоја дама (ФОТО)

Igor

На свадба сте? ОВИЕ ГРЕШКИ СО ОБЛЕКАТА никако не смеете да ги правите

Igor

МЕЛАНИЈА БЕЗ ГРАДНИК: Првата дама уништена од брутални коментари (ВИДЕО)

Igor

Патики, платформи, потпетици… Како обувките го менуваат изгледот на вашиот ЗАДНИК?

Еспресо

Обојте ги тмурните денови: Тренд кој оваа есен ќе ја направи весела! (ФОТО)

Igor

Не го чувајте лакот на ноктите повеќе од 5 дена! Може сериозно да ви ги оштети ноктите

Igor