10.8 C
Скопје
03:28 - 25 април, 2024

Бавно ви расте косата? Ова е решението за Вас!

За многу од нас здравата и долга коса не е само дефиниција за убавина туку и дефиниција за добро здравје.

За да ја одржувате вашата коса во совршена состојба треба да водите грижа за препаратите кои ги користите и штетните влијанија од прекумерното користење на фен, пегла или фигаро за коса.

Ние ви нудиме едноставна маска која не само што ја потхранува и навлажнува косата, туку исто така и го стимулира нејзиниот раст.

Покрај тоа помага во регулирањето на електростатичкиот ефект и вишокот себум кој се излачува на скалпот.

Потребни состојки:

– 1 јајце
– 1 банана
– половина чаша темно пиво
– 1 лажичка мед

Измешајте ги сите состојки заедно. Добиената хомогена смеса нанесете на врз косата и завиткајте ја со пешкир.

По еден до два часа измијте ја косата на вообичаениот начин, со шампон и други средства за нега кои ги користите.

Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

За разлика од другите маски јајцето во комбинација со банана, мед и пиво помага за хидратација и раст на косата.

Јајцето содржи висококвалитетни протеини и масти за разлика од другите видови храна. Протеините и мастите и се потребни на косата со цел таа да биде сјајна и цврста.

Бананата е одлична во обновата на оштетената коса.

Медот и пивото имаат значаен придонес во растот на косата. Тоа е така бидејќи пивото содржи слад и квасец, и комбинација од Б витамини во голема количина, како и микронутриенти како железо, калиум, магнезиум, фосфор и бакар кои помагаат во зајакнувањето на косата и го стимулираат растот.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....