21.8 C
Скопје
17:43 - 24 април, 2024

Ново истражување: Колку се заразни асимптоматските случаи на коронавирус?

Меѓу бројните прашања што ги отвори пандемијата на коронавирус е прашањето колку се заразни луѓето кои прележуваат ковид-19 без симптоми, т.н. асимптоматски случаи.

Новите податоци покажуваат дека приближно едно од пет заразени лица кои немаат симптоми може да го пренесе вирусот на значително помалку луѓе, отколку некој со симптоми.

Сепак, истражувачите сè уште се поделени околу тоа дали асимптоматските инфекции дејствуваат како „тивок предизвикувач“ на пандемијата, пренесува сајтот „Nature“.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Иако научниците сè повеќе ги разбираат асимптоматските случаи, тие велат дека луѓето треба да продолжат да ги користат превентивните мерки: дистанца, заштитни маски и миење раце без оглед дали имаат симптоми.

Проблемот е во тоа што треба да ги разликуваме оние кои ја поминуваат заразата без симптоми од оние кои се во првите денови на инфекција, затоа што нивните симптоми сè уште не се развиени“, рече Крутика Купали, истражувач на заразни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Таа објасни дека асимптоматски случај е оној кој никогаш немал развиено симптоми на болеста, а пресимптоматски е оној кој има благи симтоми пред да се појават јасните симптоми на болеста.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Истражувањето на почетокот на пандемијата покажа дека стапката на асимптоматски инфекции може да биде и до 81%. Сепак, анализата обајвена минатиот месец, во која беа вклучени 13 студии со 21.708 лица, покажува дека таа вели дека стапката на асимптоматски инфекции всушност изнесува 17%.

Доказите сугерираат дека повеќето луѓе развиваат симптоми за 7 до 13 дена“, рече водечкиот автор Ојунгерел Бјамбасурен, биомедицински истражувач на Институтот за здравствена заштита при Универзитетот Бонд во Голд Коуст, Австралија.

EPA EFE
EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Исто така, податоците од истражувањето покажаа дека асимптоматските луѓе имаат 42% помали шанси да го пренесат вирусот отколку симптоматските.

Како и да е, иако постои помал ризик асимптоматските случаи да го пренесат вирусот, сепак тие можат да претставуваат значителен ризик за јавното здравје, бидејќи најверојатно ќе бидат на отворено, меѓу луѓе, отколку дома“, рече Ендру Азман, епидемиолог од Универзитетот Хопкинс и посочува дека значителен дел од заразата е последица на асимптоматско пренесување.

Други истражувачи, сепак, веруваат дека асимптоматските случаи не се „тајни предизвикувачи“ на оваа пандемија, бидејќи тие обично не кашлаат или киваат,  со што, не го оставаат вирусот на површините околу себе.

Слични објави

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо
Се вчитува....