7.8 C
Скопје
07:36 - 20 април, 2024

Како мозокот ги создава нашите „ноќни халуцинации“ или соништа

спиење

Сите сонуваме, но за нешто толку вообичаено, соништата остануваат навистина загадочен процес. Само во изминатите неколку децении, со напредокот на технологијата научниците успееја да ни овозможат снимање и визуелизација на активноста во мозокот. Дали невролозите почнаа да откриваат како и зошто ги доживуваме овие активности?

Додека се чини дека „поспаните“ мозочни ќелии се потпираат на многу исти ментални процеси што ги користиме додека сме будни, истражувачите сè уште се обидуваат да го разберат и објаснат начинот на кој тие работат заедно за време на „дремка“.

unsplash

Соништата допираат спомени зачувани во врските помеѓу мозочните клетки, кои хипокампусот ги следи додека се формираат. Ноќе, нашиот мозок ги насочува невроните во повторување на сеќавањата, олеснувајќи го долгорочното складирање или процесирање на нештата.

Тоа може да биде причината зошто реалноста влегува во нашите соништа, но не и зошто тие имаат тенденција понекогаш пак, и да ја искриват реалноста.

Нашите најживописни соништа се случуваат за време на „REM“ фазата на спиење. Активноста се зголемува во регионите на мозокот што го контролира движењето и ги обработува оптичките влезови, комбинирајќи визуелни и моторни сеќавања, што веројатно го создава она што го „гледаме“ и „правиме“ додека спиеме.

Амигдалата во облик на бадем сместена во нашиот мозок, помага да се генерираат чувсвата како страв, лутина и вознемиреност. Тој и другите емотивни домени се „пожестоки“ за време на „REM“ фазата на спиење.

И покрај нивната неповрзана природа, соништата сè уште содржат семиративни мисли, веројатно благодарение на областите што го поддржуваат свесното сознание.

За време на „REM“ фазата, невролозите гледаат потиснување на дорзолатералниот префронтален кортекс, кој е клучен за нашите извршни функции, како насочување на внимание, решавање на проблеми и расудување. Ова може да помогне да се објасни зошто ретко сме свесни дека спиеме, и покрај некои необични сценарија.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....