10.8 C
Скопје
03:27 - 25 април, 2024

„WhatsApp“ ги одложува новите промени за приватност: Корисниците се „преместуваат“ на други апликации

Profimedia

„WhatsApp“ ги одложува новите планови за приватност на корисниците по масовните реакции од јавноста, пишува „Си-Ен-Ен“.

Минатиот месец, „WhatsApp“ започна да ги известува своите корисници за нови правила за користење и политика за приватност на податоците, за кои луѓето мораа да се согласат доколку сакаат да продолжат да ја користат апликацијата по 8 февруари.

Но, еден дел од оваа идеја на компанијата предизвика загриженост кај луѓето околу приватноста и заштитата на нивните податоци. Ова придонесе корисниците масовно да си најдат замена за „WhatsApp“ и да преминат кон други конкурентски апликации како „Signal“.

Но, сега од компанијата „WhatsApp“ велат дека ажурирањето се одложува до 15 мај.

unsplash

Свесни сме дека многу луѓе се збунија од нашето неодамнешно известување. Имаше многу дезинформации што предизвикаа дополнителна загриженост и сакаме да им помогнеме на сите да ги разберат нашите принципи и факти“, изјавија од компанијата во петокот, објавувајќи го новиот датум.

Политиката за приватност на податоци на „WhatsApp“ вели дека информациите што ги собира од корисниците може да бидат споделени со други компании на „Facebook“ со цел да „помогнат во работењето, поддршката и пласманот на услуги на „WhatsApp“ и понудите на другите компании“.

Во петокот, од компанијата истакнаа дека нивната платформа има „end-to-end“ енкрипција, што значи дека од „Facebook“ не можат да ги видат приватните пораки на корисниците. Исто така, тие тврдат дека апликацијата не води евиденција за тоа дали и кои корисници ја користат опцијата за повикување или испраќање пораки.

Тие велат дека не може да се види доколку корисникот сподели локација и дека не се споделуваат контактите на корисникот со „Facebook“.

Twitter
Twitter

Последен пат „WhatsApp“ направи слична промена во политиката за приватност на глобално ниво во 2016 година. Тогаш, тие им понудија можност на корисниците да се откажат од споделување податоци со „Facebook“. Но, во ова последно ажурирање, таа опција веќе не е достапна. Тоа значи дека само оние кои ја исклучиле таа опција во 2016 година, нема да бидат погодени од новите промени.

Ажурирањето не ги менува практиките на споделување податоци на „WhatsApp“ со „Facebook“ и не влијае на тоа како луѓето комуницираат приватно со пријателите или семејството каде и да се светот“, изјави портпаролот на „WhatsApp“ претходно оваа недела.

Тој воедно истакна и дека компанијата останува „длабоко посветена на заштитата на приватноста на луѓето“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....