13.8 C
Скопје
16:02 - 19 април, 2024

Заеви ја прележаа короната и стекнаа имунитет, премиерот остана негативен

Претседателот на владата на РСМ Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма откри дека дел од членовите од неговото семејство веќе ја прележале короната и дека лично смета дека во земјава се создава колективен имунитет.

Заев кажа дека според информациите кои стигнале до него,  можно е да се создаде колективен имунитет во Македонија.

„Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за заразата. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето.Еве, половина од моето семејство ја помина короната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците… А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела “, рече Заев.

Во периодот од почетокот на пандемијата од коронавирус во Македонија во март годинава премиерот во неколку наврати се тестираше после контакти со заболени, но досега секогаш имаше негативен тест на корона.

Заев зборуваше и за тоа дека е платен авансот за 833 илјади вакцини кои ќе бидат набавени преку Ковакс системот, а обезбедена е и гаранцијата за останатиот дел од парите што треба да се платат по пристигнувањето на вакцините.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо
Се вчитува....