21.8 C
Скопје
16:03 - 28 март, 2024

Пендаровски: Владата ќе прогласи кризна состојба на целата територија

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по денешната 10. седница на Советот за безбедност нагласи дека нивниот предлог е Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.

Состојбата со корона вирусот кај нас е навистина сериозна, оцени претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба во времетраење од 30 денови на територијата на целата држава.

– Во ваква состојба Законот за одбрана и Законот за кризи овозможува поголеми надлежности на армијата, изјави Пендаровски.

Според шефот на државата воведувањето на кризната состојба нема никаква врска со полицискиот час, односно рестрикции во движењето, бидејќи тоа е надлежност на Комисијата за заразни болести.

– Со ова на располагање ќе бидат капацитетите и кадрите од приватните здравствени институции, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев нагласи дека можеби вечерва, но најдоцна утревечер Владата ќе го разгледува прашањето, по што ќе прогласи кризна состојба.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....