21.8 C
Скопје
16:45 - 28 март, 2024

Во „Круната“ изоставен најголемиот скандал, обидот за киднапирање на принцезата Ана со вооружена пресметка

Во серијата „Круната“ изоставен е еден многу сериозен настан кој се случил во британското кралско семејство, а за кој ќерката на кралицата Елизабета втора и принцот Филип, јавно проговорила во едно интервју во 70-те години од минатиот век

Серијата „Круната“, која се емитува на Нетфликс, постигна голема популарност поради деталното прикажување на настани од животот на припадниците на Британското кралско семејство. Сепак еден вистинит настан е изоставен – обидот за киднапирање на принцезата Ана кој се случил на 20 март 1974 година.

Принцезата Ана и принцот од Велс, 22.12.1958/Profimedia

Нападот се случил неколку месеци по венчавката на принцезата со првиот сопруг, капетанот Марк Филипс, кога таа била пресретната од вооружениот самотник Ијан Бал, додека се враќала во Бакингамската палата, со автомобил.

Четири години подоцна принцезата Ана, детално ја открила вистината за драмата која ѝ се случила, во телевизиско интервју со новинарот сер Мајкл Паркинсон.

Автомобил ни го пресече патот и ние моравме да застанеме – открила принцезата за нападот кој се случил на неколку метри од портите на Бакингамската палата и додала:

Имаше и пукотници. Полицаецот од мојата придружба испука еден куршум, за кој знам дека помина низ задното стакло на автомобилот, бидејќи почувствував стаклото кога се распрсна, како ме удира во задниот дел од главата.

Profimedia

Потоа до нејзиниот автомобил дошол Бал кој носел два пиштола. Принцезата која тогаш имала 23 години не паничела, туку смирено разговарала со него.

Ја отвори врата и смирено му реков дека не сакам никаде да одам и дека е подобро да си замине, а ние ќе заборавиме на случката. Бев убедена дека нема потреба да кревам паника и да бидам безобразна, туку подобро е да бидам љубезна и смирена.

Додека се одвивала случката Бал ги погодил со куршум шоферот на принцезата, Алекс Календер, и двајца полицајци. При тоа принцезата успеала да излезе од автомобилот во обид да избега, но Бал ја фатил за рака.

Кога дошла полиција, Бал се обидел да избега, но бил уапсен. При распит во полициската станица, тој признал дека имал намера да побара откуп од 4 милиони долари, а во џебот му било пронајдено и писмо за кралицата.

Принцезата Ана и капетанот Марк Филипс, 14.11.1973 /Profimedia

По судењето, Бал е осуден на доживотен затвор во психијатриска болница.

Аматерот боксер, Рони Расел, кој денес има 72 години, случајно се нашол на местото од настанот и го нокаутирал Бал, со што помогнал за спасување на принцезата. За тоа херојство бил награден со посебен медал од кралицата, кој се доделува на цивили за посебни заслуги. При доделувањето кралицата Елизабета му рекла: „Медалот е од кралицата, но јас сакам да Ви заблагодарам како мајка на Ана“.

Кралицата Елизабета Втора, принцезата Ана и нејзиниот син Петер Филипс, 22.12.1977/Profimedia

Иако настанот за принцезата завршил среќно, сепак таа открила дека тоа било реализирање на нејзините најголеми стравови со кои живеела од малечка.

Постојано го преживував сценариото, што ако се случи такво нешто и си велев дека што и да побараат од мене нема да одам никаде. Но, мислам дека имав среќа што беше еден човек. Да беа повеќемина, ќе беше поинаква приказната – изјавила принцезата, која оваа година го прослави 70-от роденден.

Profimedia

Преземено од Слободен печат

Слични објави

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо
Се вчитува....