18.8 C
Скопје
15:26 - 20 април, 2024

Весна Бејби со емотивна реакција за Милена Радуловиќ: Нема компромис за предатори

Instagram

Деновиве Балканот е потресен од скандалот кој изби во Србија, откако неколку девојки, меѓу кои и малолетнички, пријавиле дека биле силувани или сексуално малтретирани од Мирослав Мика Алексиќ – сопственик на угледно училиште за глума во Србија. Една од нив е и младата актерка Милена Радуловиќ (26).

По многуте реакции на социјалните мрежи, се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска која пред неколку години се соочи со слична животна драма, откако во јавноста сподели за хоророт кој го доживеала нејзината ќерка.

Instagram
Instagram

Весна со објавата на својот фејсбук-профил и инстаграм-профил застана во заштита на младата српска актерка и жестоко го обвини предаторот.

Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Педофилот нема професија“, напиша Петрушевска.

Instagram
Instagram

„Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се)… ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност. Браво за @mileena_radulovic и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Не пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови! #stoppedofilia“, додаде Петрушевска.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо
Се вчитува....