15:16 - 19 април, 2024

Кортни Кардашијан e во врска со тапанарот на „Blink-182“?

Instagram

Деновиве странските медиуми почнаа повторно да шпекулираат дека Кортни Кардашијан наводно е во љубовна врска со тапанарот на „Blink-182“, Тревис Баркер.

41-годишната Кардашијан со години била пријателка со познатиот музичар, но во последниот период нивното пријателство прераснало во љубовна врска, изјавил извор за „Пипл“.

Instagram
Instagram

За време на викендот, и двајцата на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавија фотографии од викендичката на Крис Џенер во Палм Спрингс па оттаму дополнително ги разгореа гласините.

Instagram
Instagram

Заедно се во Палм Спрингс. Тие се во врска веќе еден или два месеци“, изјавил изворот за „Пипл“, тврдејќи дека тие се познавале многу одамна и долго време биле пријатели.

Кортни има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, Мејсон (11), Пенелопи (8) и Реин (6). Двојката беше заедно скоро една деценија пред официјално да се разделат во 2015 година.

Instagram
Instagram

Баркер пак, беше во брак двапати и има две деца, Лендон (17) и Алабама (15) со неговата втора сопруга, актерката Шана Моаклер со која беше во брак од 2004 до 2008 година. Тој исто така е очув на Атиана (21) која Моаклер ја добила со боксерот Оскар Де ла Хојa.

Медиумите Баркер го поврзуваа со Рита Ора во 2015 година, додека Кортни се забавуваше со моделот Јунес Бенџим во 2017 и 2018 година.

Instagram
Instagram

Ова не е прв пат да се пишува за нивната романса, но во март 2019 година, Баркер негираше дека е во врска со Кортни.

Корти е моја драга пријателка. Тоа е тоа“, изјави тој во тоа време.

Instagram
Instagram

Мислам, ја сакам до смрт. Го сакам нејзиното семејство до смрт. Но, да, ние сме само пријатели“, истакна тој.

Instagram

Сега, откако повторно ги поврзуваат и пишуваат дека нивното пријателство преминало во романса, Тревис и Кортни се прилично тивки, не ги поврдуваат или негираат гласините.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....