5.8 C
Скопје
05:41 - 29 март, 2024

ВИДЕО | Дац му пиша на Борисов и му прати песна: Лесно е да се мрази, тешко е да се сака – љубовта и пријателството бараат разбирачка, а ние мора да се разбереме!

Популарниот македонски актер Драган Спасов Дац, кој успешно плови и во музичките води, преку објава на Фејсбук му се обрати на бугарскиот премиер Бојко Борисов и му ја испрати својата најнова музичка нумера „Целувката на Ана“ со оглед на тоа што пред неколку месеци токму Борисов во својот автомобил ја пушташе популарната „Корона чао“ на Дац и Александар Митевски.

„Господине Борисов,Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач.
Господине Борисов,
кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто. Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто… тука е првиот комшија.Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе треба за едно штрафче да одиш спрат подолу или погоре, но тој не ти е прв комшија, затоа што веќе си има свој прв комшија. Сигурен сум дека тоа е случај и кај вас, па ќе ме разберете за што ви зборувам. Ние сме срдечни луѓе, полни со љубов, кои знаат да сакаат кога се сакани. Има и од оние другите, но такви има секаде. Лесно е да се мрази, тешко е да се сака, затоа што љубовта и пријателството бараат разбирачка, а ние мора да се разбереме.

Господине Борисов,
со Александар направивме еден проект кој се вика “Љубовен пасош”, каде пееме љубовни песни од целиот регион. Досега имаме македонска песна, грчка песна, српска, босанска, влашка, руска, турска, бугарска… Мисијата на нашето дуо е да шириме љубов преку музиката.Сите тие се прекрасни песни, испеани со многу љубов, а за песната и љубовта – нема граници, посебно ако не ни треба превод за да ги разбереме зборовите. Нашите два јазика се слични и оттаму вие без проблем ја слушавте нашата преработка “Корона чао”, дури и ја споделивте на вашата ФБ страница.Колку повеќе јазици разбира човекот, дотолку е побогат.Еве, слушнете ја “Целувката на Ана”, песната која неодамна ја отпеавме во оригинал на бугарски јазик, како дел од “Љубовниот пасош” и да не дозволиме наместо од првите комшии, да се симнуваме спратови подолу за било каква помош.Затоа што тие, долу или горе, веќе имаат свои први комшии.

Поздрав од Дац и Александар“, пишува во објавата.

Слушнете ја нумерата:

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....