23.8 C
Скопје
14:47 - 29 март, 2024

„Југословенскиот Титаник“ потонал поради „непрофесионален“ социјализам или „алчен“ капитализам?

youtube

Во 1976 година се случи една од најтешките поморски несреќи во тоа време – преживеаја само двајца членови на екипажот кои поминале 20 дена на отворено море со многу малку залихи на храна.

Бродот „Берге Истра“ – тогаш најголемиот брод што СФРЈ го направи за богат сопственик на бродови од Норвешка, познат и како „Југословенскиот Титаник“, потона на 30 декември пред 45 години. Таа кобна ноќ животот го загубија 30 члена на екипажот, а за несреќата биле исплатени рекордни средства од осигурителните компании, но за причината на оваа несреќа остануваат само бројни шпекулации и теории на заговор, пренесува „Телеграф“.

Со шише шампањ и горди срца, најголемиот и технолошки најкомплексниот брод што СФРЈ го направил во тоа време, чија цел била да се превезува нафта и железна руда, државниот врв на поранешна Југославија, го испрати бродот од пристаништето во 1972 година.

Четири години подоцна, бродот потона и тоа беше една од најтешките поморски несреќи во тоа време, а бројните шпекулации и теории на заговор никогаш не стивнаа.

Приказната за бродот „Берге Истра“ започнува со геополитичка ситуација од тоа време, бидејќи поради војната меѓу Египет и Израел, нафтата од Персискиот Залив не можела да стигне до Европа преку Суецкиот канал, туку преку подолга рута околу Африка, за која биле потребни поголеми цистерни тешки и по 200.000 тони.

СФРЈ се „протна“ на тој пазар во раните 70-ти години, со бродоградилиштетото во Пула и производството на вакви цистерни за Бергесен – еден од двата најголеми сопственици на бродови во Норвешка.

Југославија беше горда на своето достигнување, а норвешкиот сопственик на бродови Сигвал Бергенсен задоволен одличната соработка нарачал серија од пет брода.

На денот на лансирањето на „Берга Истра“, цела Пула била собрана да го види огромниот брод што ќе отплови во морето. Уште на самиот почеток пред да биде пуштен во морето, имало технички проблеми со тргнувањето на бродот, при што помогнале експерти на ЈНА и припадници на југословенската морнарница и продот успешно го започнал своето прво патување.

И покрај првичните проблеми со тргнувањето, бродот „Берге Истра“ кој Бергесен си го повлекол како и другите нарачани бродови, веројатно ќе паднеше во заборав, да не се случеше трагедијата што се случи четири години подоцна, веројатно во последните часови од 1975 година.

youtube
Принтскрин / Youtube

Бродот пловел со 32 членови на екипажот, членови на седум нации, на пат од пристаништето Тубарао во Бразил до Јапонија со товар на железна руда, кога на 30 декември 1975 година контактот со бродот се изгубил. Имено, бродот последно е регистриран дека пловел во Тихиот океан, во близина на филипинскиот остров Минданао.

Следните неколку дена ништо не се случулвало, а кога бродот не се појавил на јапонското пристаниште на 5 јануари 1976 година, станало јасно дека нешто не е во ред и дури тогаш Норвежаните ја предупредиле дипломатската служба, по што и целата светска јавност дознава за исчезнувањето, а југословенските медиуми биле преполни со драматични наслови и имагинативни шпекулации.

Тогаш се случила уште една пресвртна точка во приказната за „Југословенскиот Титаник“. На 19 јануари, јапонски рибари пронашле спасувачки чамец во морето со двајца гладни и жедни шпански морнари за кои подоцна се потврдило дека припаѓаат на екипажот на „Берге Истра“.

Имелдо Барето Лион и Епифанио Пердомо Лопез се единствените преживеани морнари, кои сè уште се живи и живеат на шпанскиот остров Тенерифе и до ден денес го чуваат чамецот со кој се спасиле. Тие се единствените преживеани од несреќата бидејќи во моментот на експлозијата биле зафатени со работа на лакот на бродот.

youtube
Имелдо Барето Лион / Принтскрин / Youtube

Тие велат дека прво слушнале силна, а потоа уште две послаби експлозии, кои буквално го скршиле бродот, кој за брзо време почнал да тоне.

Додека не биле пронајдени двајцата Шпанци, се ширеле многу шпекулации за судбината на бродот.

Постоело масовно убедување дека бродот бил киндапиран од пирати поради откуп или дека исчезнувањето на бродот се должи на познатиот „Бермудски триаголник“. Се тврдело дека бродот е оштетен од нагазна мина, залутана ракета, дури и вонземјани, а директорот Бергесен Стејџленд велел дека бродот е уништен при ерупција на подводен вулкан.

youtube
Епифанио Пердомо Лопез / Принтскрин / Youtube

Низ Југославија се ширеле приказни од „сигурни извори“ дека норвешкиот сопственик намерно го потонил бродот затоа што знаел дека ќе добие многу пари од осигурувањето, бидејќи за „Берге Истра“ била исплатена оштета во денешна вредност од 82 милиони долари.

Бергесен го критикувале дека го прикрил случајот, дека не дозволил вистинска истрага и со тоа овозможил да се повтори слична трагедија, што му се случила три години подоцна.

Негов друг брод, од ист тип како „Берге Истра“, исто така создаден во поранешна Југославија, во октомври 1979 година, пловејќи од Бразил кон исток исчезнал во близина на островот Тристан да Куња, но овојпат никој од морнарите не преживеал.

Југословенскиот дизајнер на бродот ги отфрлил тврдењата дека до двете несреќи довела лошата конструкција и тврдел дека единствената причина за оваа трагедија е заварување на палубата. Тоа го потврдиле и преживеаните морнари од „Берге Истра“, дека на палубата често работел заварувач, кој веројатно и ја предизвикал експлозијата.

Капетанот на вториот брод забранил да работат заварувачи за време на патувањето, но тој бил сменет во бразилското пристаниште, а новиот капитен го дозволил тоа и веројатно поради истите причини повторно се случила несреќа.

Одговорот на прашањето дали „Берге Истра“ потонал поради „непрофесионален“ социјализам или „алчен“ капитализам можеби лежи во фактот дека Бергенсен, за да ги искористи своите бродови што е можно поефикано, ги сервисирал и надградувал додека бродовите биле во движење.

Но, што точно се слулило, никој не може да потврди во целост. Делумно и заради двете несреќи на југословенските бродови, од тогаш е забрането заварувањето на цистерни и никогаш повеќе не се изградиле комбинирани бродови како овие, а нафтата никогаш не била транспортирана заедно со руда.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо

(Видео) Како Тито славел Нова година: Најголеми музички ѕвезди, одлична храна и тамбури

Еспресо

Денес е Свети Никола, што да (не)правите на овој голем ден

Еспресо

Климатска катастрофа и принц Хари на тронот: Објавени прогнозите на Нострадамус за 2024 година

Еспресо
Се вчитува....