14:05 - 19 април, 2024

Истражување: Дали алгите навистина можат да помогнат во борбата против ковид-19?

unsplash

Во долгата борба против ковид-19, лекарите и медицинските сестри наскоро може да имаат нова, скромна алатка во нивниот медицински арсенал – алги. Иако алгите се користат во медицински цели со векови во различни делови на светот, се чини дека во последните децении морските алги речиси и не се употребуваат. Но, тоа наскоро може да се промени.

Во минатото, луѓето на британските острови ги разбираа лековитите својства на алгите – чајот од алги потекнува од нашите предци кои го користеле за закрепнување од грип и настинка. Но, се чини заборавивме на тоа. До сега“, вели Фиона Хјустон, основач на „Mara Seaweed“ од Единбург во разговор со „Хералд“.

EPA-EFE
EPA-EFE

Истражувачите откриле дека најчесто користениот разредувач на крв, хепарин е најефикасен во неутрализирање на вирусот „SARS-CoV-2“. По влегувањето во телото, шилестите протеини на површината на вирусот се лепат на рецепторите на човечките клетки, а потоа го напаѓаат организмот.

Хепаринот е хемиски и структурно сличен на нормалните клеточни рецептори, служи како ефикасна „мамка“, предизвикувајќи вирусот да се придвижи кон него, со што или ја спречува инфекцијата или ја намалува нејзината сериозност.

unsplash

Кога истражувачите започнале да бараат други, структурно слични супстанции кои би можеле да послужат за слична намена како „мамка“ за вирусот, одредени алги биле најсоодветниот природен избор.

Во лабораториските истражувања, екстрактот од морска алга наречен „RPI-27“ го надминал вообичаениот антивирусен ремдесивир за околу 8 пати со инхибиција на вирусна активност.

EPA EFE
EPA-EFE

Мамката ефикасно ја блокира инфекцијата. Се меша и го повлекува вирусот, и затоа вирусот не може да се поврзе со површината на клетките. Откако ќе стигне до овие соединенија –екстракти од алги или епарин – вирусот веројатно се распаѓа и не е толку ефективен“, вели Џонатан Дордик, водечки истражувач и професор по хемиско и биолошко инженерство на Политехничкиот институт „Ренселер“.

Истражувањето продолжува и се спроведува на 480 медицински работници од првата линија на фротот во Велс, на кои или им бил даден спреј за нос врз основа на карагелоза (алги) или плацебо, пишува „Business News Wales“.

unsplash

Резултатите се очекува да бидат објавени во март 2021 година.

Ако резултатите од ова експериментално клиничко испитување се позитивни како што очекуваме, ова има потенцијал да  биде дополнителна стратегија за превенција во борбата против ковид-19“, вели д-р Зита Џесоп, главен истражувач на клиничкото испитување.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Интервју со доц. д-р Тања Анѓушева: Ергоспирометрија

еспресо
Се вчитува....