10.8 C
Скопје
08:45 - 20 април, 2024

Заев и Ципрас добија престижна награда за мир во Германија: Премиерот ќе ја донира наградата од 25.000 евра за борбата со коронавирусот

Претседателот на Парламент на германската покраина Хесен, Борис Рајн попладнево на специјална церемонија им ја додели „Хесенската наградата за мир” за 2020 на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Заради пандемијата со КОВИД-19, оваа награда за мир на Фондацијата „Алберт Освалд” годинава првпат беше додели на онлајн церемонија.

Како што соопшти владината Прес-служба, премиерот Зоран Заев својот дел од наградата во висина од 25.000 евра го донира во солидарниот Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19

– Со Хесенската награда за мир, ние им оддаваме чест на две лица кои водеа кампања за мир и меѓународно разбирање и кои успеаја да решат конфликт што влече корени длабоко во историјата, изјави Рајн во обраќањето на церемонијата.

Тој нагласи дека Заев и Ципрас постигнаа договор за повеќедеценискиот конфликт меѓу нивните земји околу името „Македонија”, со што оставрија „вистински дипломатски подвиг што никој досега не го сторил”.

– Без нив, спорот за името што трае од осамостојувањето на Македонија во 1991 година ќе продолжеше да тлее и спорот меѓу двете соседни земји ќе продолжеше да го дестабилизира целиот балкански регион. Скоро триесетгодишниот спор за името меѓу Република Македонија и Грција беше мирно решен на 12 февруари 2019 година со договор. Пронајден е компромис, во иднина името на новосоздадената држава во 1991 година да биде „Република Северна Македонија”. За прв пат започна период на добрососедски односи и се отвори патот за Северна Македонија како сојузник во НАТО и партнер во Европската Унија, истакна Рајн.

Тој нагласи дека успехот постигнат со склучувањето на овој Преспанскиот договор имал влијание и надвор од регионот и испратил сигнал до светот дека не постои само правото на најсилниот и дека дури и во денешниот свет се уште постои патот на почит и компромис, патот на мирот и стабилноста.

– И со тоа, победниците не направија ништо помалку од тоа да го продолжат европскиот пат на одличен начин без да мора да се откажат од националниот идентитет, потенцираше претседателот на покраинскиот Парламент на Хесен.

Членот на одборот за доделување на наградата, професорот Никол Дајтелхоф нагласи дека Заев и Ципрас отстапиле од моделот на инсистирање на максимални позиции и сфаќањето на договорот како пораз или предавство.

– Притоа, тие ја загрозија нивната политичка кариера и мораа да преговараат за бројни компромиси и отстапки во рамките на нивните парламенти. Договорот е поврзан со надеж за добра соработка и партнерство меѓу Северна Македонија и Грција. Решавањето на споровите е пример за помирување на регионот и Европа како целина, рече Дајтелхоф.

Листа на досегашните добитници на „Хесенската награда за мир”:
1994 Маријана Хајберг-Холст, Норвешка
1995 Џон Хјум, Северна Ирска
1996 Грегорио Роза Чавез, Салвадор
1997 Ханс Кошник, Германија
1998 Александар Лебед, Русија
1999 Џорџ Ј. Мичел, САД
2000 Марти Ахтисари, Финска
2001 Макс фон дер Стоел, Холандија
2003 Лахдар Брахими, Алжир
2004 Ханс Бликс, Шведска
2005 Неговата Светост 14-ти Далај Лама
2006 Даниел Баренбоим, Израел
2007 Кристијан Шварц-Шилинг, Германија
2008 Сем Нан, САД
2009 Деха Ибрахим Абди, Кенија
2010 Исмаил Хатиб, Палестина
2011 Садако Огата, Јапонија
2012 Елизабет Декри Варнер, Швајцарија
2013 Д-р Мухамед Ашафа и д-р Џејмс Вује, Нигерија
2014 Рубем Сезар Фернандес, Бразил
2015 Ела Михајловна Полјакова, Русија
2016 Федерика Могерини, Италија
2017 Карла дел Понте, Швајцарија
2018 Проф. Шебнем Корур Финканчи, Турција
2019 Д-р Абиј Ахмед, Етиопија.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....