19.8 C
Скопје
10:23 - 28 март, 2024

Со „Фавира“ на рецепт и во Македонија ќе се лекува ковид-19

Антивирусниот лек фавипиравир пристигнува во Македонија, откако Агенцијата за лекови одобри увоз. Лекот се користи и за лекување на болните од ковид-19, но според сите истражувања, само во раната фаза од развојот на болеста.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот,  Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите“, соопшти Малмед.

Оттаму посочуваат дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар.

„Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид 19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар. Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот, посочуваат од Агенцијата.

Инаку, дозите од лекот ќе пристигнат од Јапонија и од Турција.

Лекот поради тоа што не беше одобрен од здравствените власти, не можеше да се купи во аптеките, туку преку програмата на СЗО стана, како „Ремедесивир“  достапен за лекување на болните на Инфективната клиника.

Досега болните од ковид-19 откако се појавија низа сведочења, меѓу кои беше и она Трамп дека успешно се излекувал со „Ремдесивир“ овој лек го обезбедуваат преку разни канали, пред се на црно од Косово каде плаќаа различна цена од 100 до 500 евра.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....