8.8 C
Скопје
22:39 - 28 март, 2024

ХРВАТСКИ ЛЕКАР ТВРДИ: Само карантинот е ефективно решение за пандемијата!

Пулмологот Саша Срича смета дека најновите построги мерки за спречување на ширење на коронавирусот во Хрватска биле донесени со добра намера, но предоцна и изрази стравување дека т.н. „локдаун“ е единственото решение.

– Стравувам дека „локдаун“ е единственото решение што ни преостанува, изјави Срича за загрепската Н1 телевизија.

Тој смета дека досега преземените мерки за спречување на ширење на вирусот се козметички.

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

– Ова се мерки од козметичка природа и нема да можат да ги запрат бројките, рече Срича, кој работи во болницата Дубрава, и појасни дека во моментот во болницата доаѓаат повеќе пациенти отколку што се испишуваат.

– Се обидуваме. Пациентите кои лежат поради ковид не можат да бидат испишани пред десеттиот ден. Многу пациенти развиваат разни компликации, клиничката слика е доста бизарна, рече Срича.

Тој очекува дека и шаторите наскоро би можеле да започнат да се полнат.

– Ќе има доволно шатори, но прашањето е дали ќе има доволно персонал, рече тој, истакнувајќи дека здравствениот систем е во алармантна, ако не и критична фаза.

Веста е преземена од slobodepecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....