4.8 C
Скопје
05:58 - 20 април, 2024

Тијана Дапчевиќ со гласна поддршка за Милена Радуловиќ: Сите тишини еден ден стануваат крик

Instagram

Тијана Дапчевиќ ја поддржа Милена Радуловиќ откако актерката го пријави поранешниот учител по глума Мирослав Алексиќ за силување.

Дапчевиќ е уште една од јавните личности која особено се вознемирени поради скандалот за кој деновиве зборува целиот Балкан. Како што вели, особено ѝ пречат негативните коментари во врска со Радуловиќ и останатите девојки кои го пријавиле Мирослав Алексиќ за силување и сексуално злоставување години подоцна.

Пејачката во долга објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, се обиде да даде свој став за сето она што го читаме изминативе неколку дена во врска со случувањето.

Instagram
Instagram

Зошто дури сега проговорила?! Не знам, можеби затоа што сè уште ве има такви кои постојано повторувате дека жртвите на силувачи и педофили самите го барале тоа, дека сигурно некако, провоцирале, дека биле виновни… и многу често имате потреба да оправдувате непростливи работи. Зошто?!“, се огласи Тијана.

Ако молчела до сега, можела да молчи засекогаш. Како секогаш доаѓаме до заклучок дека треба да се молчи за сè? Како не ви е доста од молчење? За малите и големите работи, за таа планина која сте ја направиле под тепихот криејќи ги сите проблеми таму, за насилството и злоупотебата?“, продолжи Дапчевиќ.

Instagram
Не си сама. / Принтскрин / Instagram

А можеби и не молчела, туку наишла на луѓе кои биле глуви на нејзините страдања, исто како и вие. „Сигурно го измислила сето тоа бидејќи ѝ пропадна кариерта, ѝ треба некоја улога – Па да, полесно е да се поверува дека некој ја измислил својата тага, отколку што, конечно, по толку време, собрал сили одново да преживее сè, објаснувајќи ги сите детали и одговарајќи на кој знае колку прашања при пријавата…“, продолжи пејчаката.

Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку ја замолчува жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не било. Сите тишини еден ден стануваат крик“, завшри таа.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....