19.8 C
Скопје
11:29 - 28 март, 2024

Сопругата на Тони Бенет за неговата борба со Алцхајмеровата болест: Веќе не истиот, освен кога пее

Instagram

Легендарниот музичар Тони Бенет боледува од Алцхајмер уште во 2016 година, но посериозни знаци на болеста почна да покажува две години подоцна за време на снимањето на албумот со Лејди Гага, раскажа сопругата на Тони, Сузан Бенет за „AARP“.

Има многу работи поврзани со него што ми недостасуваат, бидејќи тој веќе не е оној стариот Тони, освен кога пее“, изјави Сузан.

Instagram
Instagram

Болеста на 94-годишниот пејач почнала да зема замав од моментот на дијагностицирање, но за среќа бил поштеден од дезориентираност, што честопати кај пациентите предизивкува лутање, напади на гнев или депресија.

Првите знаци на болеста, Бенет ги забележал во 2015 година кога приметил дека не може да се сети на имињата на неговите колеги музичари.

На 94 годишна возраст, прави толку многу работи што дури и многумина без деменција не можат да ги прават, тој навистина е симбол на надеж за оние кои страдаат од когнитивни нарушувања“, изјави д-р Гајатри Деви, лекарот кој му ја дал дијагнозата.

Сузан е третата сопруга и главна негувателка на Бенет, која посветува особено внимание на медитеранската диета и вежбање, кои се покажаа многу корисни во забавувањето на процесот на губењето на меморијата.

Instagram
Instagram

Д-р Деви вели дека е пријатно изненаден од посветеноста на Сузан.

Таа очекува многу од него. Мислам дека во тоа и помага нејзиното учителско минато, но и љубовта кон него“, вели д-р Деви додавајќи дека пејачот ги исполнува сите учекувања на неговата сопруга.

Лекарот ја охрабрува Сузан да му дозволи на неговиот сопруг да пее и да настапува што е можно повеќе, бидејќи тоа го симулира неговиот мозок. Иако, последниот јавен настап на Бенет беше во март минатата година, сепак тој вежба двапати неделно.

Instagram
Instagram

Сузан се надева дека крајот на животот на нејзиниот сопруг ќе биде мирен, како актерот Шон Конери кој почина минатата година во сон, борејќи се со деменција.

На тоа се надевам и за Тони. Се надевам дека само ќе заспие една ноќ и тоа ќе биде тоа. Се надевам и се молам да не тргне на полошо“, вели 54-годишната Сузан, која е во брак со Бенет од 2007 година.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо
Се вчитува....