11.8 C
Скопје
01:32 - 17 април, 2024

Кејт Мидлтон кралица на шикот, Викторија Бекам е модна заповед

Луксузната модна платформа Фарфеч спроведе истражување што покажа дека Кејт е единствената припадничка на кралското семејство која во моментот се наоѓа меѓу врвните десет модни икони.

Кејт, која е позната по својата љубов кон „хајстрит“ брендовите и паметните комбинации на бои, е единствената кралска фигура што беше вклучена во листата составена од луксузната веб-страница.

Фото: Profimedia
Profimedia

Единствено британската модна дизајнерка Викторија Бекам (46) со својот стил успеа да ја надмине војвотката од Кембриџ. Стилот на Викторија освои 28 отсто од испитаниците, додека Кејт доби 24 отсто од гласовите.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Кејт е позната по рециклирање на парчињата облека што веќе ги носела. Во текот на последните неколку месеци, за време на пандемијата Кејт носеше фустани од големи британски дизајнерски имиња, вклучувајќи ги Сузана, Стела Мекартни и Емилија Викстед. Војвотката честопати комбинираше некое постаро парче облека со нешто ново за неодамнешните јавни појавувања.
Меѓутоа, на листата на модни икони не се најдоа Меган Маркл (39) ниту кралицата Елизабета Втора (94).

Фото: Профимедиа

Викторија Бекам, пак, во последните години е синоним за стилска трансформација – од кралица на модните промашувања до најстилизирана личност на денешницата. Викторија безброј пати докажа дека е неприкосновена кога се во прашање модните избори. Нејзиниот беспрекорен стил го копираат жените низ целиот свет, а нејзините совети – без разлика дали станува збор за избор на облека или за нега на лицето, телото, косата – се сметаат за заповеди на „убавината“.

Instagram
Profimedia

Комбинациите на облека што ги избира Викторија Бекам се толку моќни што некои тврдат дека таков рафиниран вкус не може да се купи со пари, туку дека поранешната пејачка на „Спајс грлс“ едноставно е природен талент.

Покрај Кејт и Викторија, на листата на топ 10 модни икони се најдоа и американската икона на стилот Оливија Палермо (34), италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи (33), актерката Џејн Биркин (73), поп-ѕвездата Ели Гулдинг (33), британската манекенка и водителка Алекса Чанг (37).

Оливија Палермо/Profimedia

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....