22.8 C
Скопје
14:44 - 28 март, 2024

4 одлични трикови за враќање на белата боја на пожолтената облека: Еве како да ги спасите омилените парчиња!

Во продолжение прочитајте како да ја освежите облеката и да и ја вратите првичната боја…

Белата облека изгледа елегантно, привлечно и убаво, но не е најпрактична бидејќи брзо се валка, а најчесто може да поприми жолта боја или пак некои сиви нијанси.

Токму поради нејзината осетливост, треба да бидете внимателни при одржувањето на белите парчиња облека.

Доколку ви се случи овој проблем, применете некој од овие трикови…

Лимонов сок

Фото: Профимедиа

Лимоновиот сок е природно решение на пожолтената облека да и ја вратите првичната боја.

Сипете една шолја лимонов сок и додадете го во машината за алишта заедно со детергентот, а облеката перете ја на температура и програма соодветна за неа.

Избелувач

За да ги отстраните жолтите дамки, земете избелувач со хлор, но пред користење добро прочитајте го неговото упатство. Додадете го при перењето, на тој начин ќе ги освежите и алиштата и внатрешноста на вашата машина.

Сода бикарбона

Фото: Профимедиа

Сода бикарбоната е одличен сојузник во чистењето на домот, па може да ви послужи и при освежување на облеката.

На самиот почеток покрај прашокот додадете и 3 големи лажици сода бикарбона, на тој начин таа ќе го раствори хлорот во машината за алишта, ќе ја отстрани крутоста од алиштата и ќе ги отстрани и пожолтените дамки од облеката.

Дестилиран бел оцет

Додадете дестилиран бел оцет во делот каде ставате омекнувач. На тој начин благата оцетна киселина ќе делува како избелувач.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....