11.8 C
Скопје
20:43 - 28 март, 2024

Македонија доби нова влада: Премиерот Заев вети европска и економски стабилна Северна Македонија

Со 62 гласови „за“,  51„против’ и без „воздржани“ пратениците во Собранието вечерва ја изгласаа новата влада која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции.

– Се обврзуваме чесно и одговорно да работиме, да имате подобар стандард и подобра перспектива за сите и за вашите деца. Ветувам правда за сите, ќе работиме на одговорен начин, ќе имаме модерно и европско образование, ќе работиме за уште посилно и поквалитетно здравство, ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис на сите граѓани во сите области. Сега веќе немаме отворени етнички прашања, сите сме еднакви, ќе работиме еднакво за сите. Очекуваме економската соработка со соседите да расте. Најавувам целосна посветеност на економијата и создавање на максимилизација на државните ресурси за поддршка. Ќе се посветмие на тоа младите да не бараат работа само во јавниот сектор, да гледаат перспектива и во приватниот сектор – рече Заев во своето обраќање пред гласањето за избор на новата влада.

Тој упати повик до младите да останат дома и да работат на европеизација на Северна Македонија, најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како и брза помош на најсиромашните. Законот ќе важи еднакво за сите, а најодговорни мора д абидат функционерите, рече Заев.

Тој на опозицијата ѝ упати порака дека нема потреба да шири толку омраза и гнев и ѝ подаде рака за соработка на сите полиња, бидејќи како што рече Заев, така подобро ќе им служиме на граѓаните.

– Ако и понатаму немате став за ниту едно важно прашање, и ако понатаму тврдите дека црното е бело, а белото црно, ќе останете безбојни. Да ја надминеме злобата и да работиме заедно за европската иднина на Северна Македонија – ѝ порача Заев на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.

Вториот владин кабинет на Заев го сочинуваат 19 министри, седум помалку од претходната Влада.

Премиерот има четворица заменици, Љупчо Николовски, кој е избран за вицепремиер за борба против корупција, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем, како и Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија и Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања.

Новата Влада ќе има седум министри помалку

Дводневната седница за избор на Владата помина во мачна атмосфера со навреди и препукувања меѓу пратениците од власта и опозицијата, кои меѓусебе се обвинуваа за криминал, корупција, предавство на националните интереси и неспособност да се раководи државата.

Економијата, здравството, екологијата, правдата, еднаквоста и патот на Македонија кон ЕУ се главните области на кои ќе се посвети новата влада во следните четири години. Во програмата за работа на Владата на над 50 страници се наведени приоритетите и главните проекти со кои извршната власт ќе се обиде да го подобри стандардот на граѓаните, да ја надмине коронакризата и да ги исполни сите големи очекувања на граѓаните, меѓу кои и она дека правдата ќе биде достапна за сите, а криминалот и корупцијата ќе се казнуваат без исклучок.

Најголем дел од програмата е посветен на економијата, каде Владата ветува целосна трансформација и забрзан раст, кој до крајот на мандатот ќе изнесува 4 остсто.

Амбициозна програма на Владата на големите очекувања

 

The post Македонија доби нова влада: Премиерот Заев вети европска и економски стабилна Северна Македонија appeared first on Слободен печат.


Македонија доби нова влада: Премиерот Заев вети европска и економски стабилна Северна Македонија was first posted on август 30, 2020 at 11:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....