21:06 - 13 декември, 2025

Ми беа како мајки: Калиопи искрено за свекрвите и за односот со мајка ѝ

Калиопи откри каков однос имала со нејзините свекрви, мајките на поранешните сопрузи Ромео Грил и Васил Зафирчев.

-Имав прекрасен однос. Моите свекрви биле мои мајки, и свекрите. Секогаш сум имала прекрасен однос со тие и до ден-денес трае –  рече Калиопи во емисијата „Нешто конкретно“.

Потоа ја спомена и нејзината мајка Марија, која била многу добар педагог, а никогаш не ѝ предавала. Рече дека со мајка ѝ е многу блиска, и може да зборува искрено, но е критички настроена. „Секогаш сум јас кривата во приказната“, рече Калиопи, а потоа зборуваше за предрасудите.

Калиопи со сестра ѝ Корнелија и со мајка ѝ Марија (Фото: Инстаграм)

-Во мојот свет во кој јас живеам, сметам дека не постои ништо полошо од предрасуди. А, денеска многу брзо живееме, немаме многу време за размислување и емпатија и прво нешто што ни паѓа на памет е осудата.

Во нечии очи ме осудувале за многу работи.Но, тоа биле луѓе кои не ме познавале. Како научив да простувам во животот? Со тоа што јас ги разбирав луѓето зошто ме повредуваат.

И секогаш се прашував, зошто се тие толку несреќни кога си дозволиле еден таков чекор, на некој кој не го знаат да му судат и да постапуваат или да размислуваат лошо.

Сум се заштитила најверојатно интуитивно и несвесно. Во оној момент кога ти ги гледаш слабостите на луѓето и нивните неможности тогаш велиш: „Не можам да се налутам на ова“, рече Калиопи.  

Слични објави

Саша Ковачевиќ призна дека му се допаѓала Емина Јаховиќ: „Тогаш беше во брак со Мустафа“

Е.А.

(Фото) Празнична идила во домот на Анѓелка Прпиќ: Елка до таванот, а погледнете во која поза го фотографирала сопругот

Еспресо

Шемса Суљаковиќ со емотивна објава за Весна Змијанац: „Се надевам дека наскоро ќе те видиме на сцената, каде што припаѓаш“

Еспресо

(Фото) Маскоти, шампањ и шарени декорации: Гога Секулиќ го прослави роденденот на синот

Еспресо

(Фото) Пејачката ја продала куќа на Бежанијска коса, а платила 1.500.000 евра за 3 стана во центарот на Белград: На терасата има и џакузи!

Еспресо

Јелена Карлеуша во паника: „Цела ноќ плачев во хотелската соба во Париз“

Еспресо
Се вчитува....