10.8 C
Скопје
06:41 - 25 април, 2024

(ФОТО) ЛОКУМЧЕ: КАКО СО ИНФЛУЕНСЕРСТВО ДА СТИГНЕТЕ ДО СЕЈШЕЛИТЕ? Јелена Спенџарска презадоволна од својата работа

Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина. Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание привлекува со своите објави на социјалните мрежи.

Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“ каде ја следат повеќе од 40 000 фанови. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фановите.


Спенџарска побегна од тмурното Скопје и замина на Сејшелите, а по поминати помалку од 24 часа на островите на вечното сонце инфлуенсерката се обрати до своите фанови.

Ако некогаш сум била пресреќна и преисполнета со работата која ја работам и општо, од сопствениот живот, денес беше тој ден. Сериозно се обидувам да најдам зборови да можам да напишам долг пост за првиот ден на ова магично место, но за некои слики, места и доживувања НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗБОРОВИ! Можете само да замислите какво е во живо. Благодарна сум до небото и назад, стои во описот на објавата на Јелена.


Познатата водителка сè повеќе е посветена на својата работа како инфлуенсерка, а тоа ова лето и донесе многу патувања и нови ангажмани како дел од соработките кои успеа да ги оствари.

Фото: Принтскрин / Instagram

Летото за Јелена нема крај, по уживањето во Турција во прекрасната Анталија, повторно во друштво на неколку познати македонски инфлуенсерки уживањето продолжува во Африка, на Сејшелите. Овој изолиран рај според многумина е најубавиот архипелаг во светот, а Спенџарска несомнено е подготвена за нереални убавини и незаборавни искуства.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....