9.8 C
Скопје
10:16 - 19 март, 2024

Емануел и Брижит Макрон на мета на остри критики: Само за цвеќе потрошиле 600.000 евра!

Францускиот претседател Емануел Макрон (43) и неговата сопруга Брижит Maкрон (67) на мета се на остри критики откако излегоа информации дека потрошиле речиси 600.000 евра на цвеќе за време на пандемијата, пренесува „Дејли меjл“.

Profimedia

Претседателската двојка овие пари ги потрошила лани за Елисејската палата, нивната официјална резиденција во Париз. Ова значи дека нивниот буџет за цвеќе е петпати поголем од буџетот на нивните претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози.

Француската јавност е шокирана од трошењето на претседателот и неговата сопруга во време кога земјата се бори да закрепне од финансиските последици од пандемијата на коронавирусот. Владата на Макрон вети 100 милијарди евра за закрепнување на економијата.

Елисејската палата потрошила речиси 20.000 на растенија, исто толку на орхидеи, нешто повеќе од 30.000 на зеленило и уште 398.000 на исечени цвеќиња за букети. Забележано е и дека буџетот за цвеќе нагло се зголемил токму во времето кога Елисејската палата беше затворена за јавноста, а поради пандемијата, имало малку приеми.

Во септември беше објавено дека неодамнешното украсување на Златната соба во Елисејската палата чинело 927.000 евра, пари што се финансирани од даночни обврзници на Франција.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....