22.8 C
Скопје
14:56 - 28 март, 2024

Амбер Херд бара да се откаже судењето (кое го загуби) против Џони Деп, во судот доставена жалба на 43 страници

Актерката не се откажува и продолжува да инсистира дека претрпела неправда. Нејзините адвокати предале документ од 43 страници во кој се тврди дека одлуката на судот не е поткрепена со доволно докази.

Спорот меѓу Амбер Херд и Џони Деп е далеку од завршен. Иако актерката ја загуби тужбата за клевета што ја поднесе тужителот против неа, таа продолжува да се навраќа на инцидентот во секоја можна форма.

Започна со долга објава на разочарување на Инстаграм, продолжи со долго ТВ интервју во неколку епизоди и сега планира да се врати на суд бидејќи ни најмалку не ја прифаќа пресудата на поротата и сака да оди на жалба.

По казната, актерката првично рече дека ќе направи пауза за да се грижи за својата ќерка Онаг Пејџ, родена на 8 април 2021 година, но сега изгледа е решена да се бори (повторно).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Нејзините адвокати доставиле документ долг 43 страници до судот во Вирџинија во петокот на 1 јули 2022 година во кој ги објаснуваат причините зошто тие веруваат дека одлуката на судот не била поткрепена со доволно докази.

Во последниве денови, Џони Деп ги демантираше гласините за преговори со Волт Дизни за враќање во шестиот филм на Пиратите од Карибите, но поранешната сопруга тврди дека тој не ја изгубил улогата поради написот што го напишала во 2018 година, објавен во Вашингтон пост.

Инаку, Амбер веднаш по пресудата на телевизија изјави дека сè уште го сака Деп, а сепак продолжува да води војна против него и сега изгледа сака да го впери прстот дури и кон еден од поротниците, кој според неа бил помлад од запишаното на документите.

Амбер Херд неодамна изјави за Today дека одлуката на поротата ја враќа феминистичката битка за правда на жените и дека пресудата не вратила години наназад. Актерката рече и дека е исплашена што сега жртвите на насилство ќе молчат, токму поради исходот на ваква пресуда.

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо
Се вчитува....