13.8 C
Скопје
16:47 - 19 април, 2024

Ѕвездата на „Хари Потер“ искрено за своите проблеми: Почнав премногу да пијам!

Instagram

Британскиот актер, Даниел Редклиф, конечно зборуваше јавно за тоа како почнал да пие премногу алкохол во моментот кога се наоѓаше на врвот од својата слава.

Редклиф, најпознат по својата главна улога во серијалот „Хари Потер“, зборуваше за падот на самодовербата во својата борба со алкохолизмот.

Дефинитивно почнав премногу да пијам пред крајот на снимањето на филмовите за Хари Потер. Откако снимањето заврши, ме фати паника и не знаев како да продолжам понатаму. Не ми се допаѓаше ништо кога бев трезен – рече Редклиф во интервју за „Радио 4“.

Исто така, актерот откри дека е трезен уште од 2010 година и дека е „многу, многу среќен“, што успеал да го остави алкохолот уште како млад.

Овој проблем постои во моето семејство генерации наназад, но дефинитивно не и кај моите родители – вели Редклиф.

Тој зборуваше и за тоа со што се соочувал поради овој проблем, додека имал богатство од 90 милиони фунти.

Ја имав таа луда среќа. Мислам дека имам некакво чувство на вина, бидејќи толку млад ми се случи нешто неверојатно – порача искрено актерот.

Иако стана многу популарен благодарение на франшизата „Хари Потер“, на Даниел и натаму му е многу тешко да остави подлабок печат во некоја поинаква улога, пренесува „Мирор“.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо
Се вчитува....