21.8 C
Скопје
18:10 - 24 април, 2024

Вознемирувачка снимка од убиството на глумицата: Потегнала лажен пиштол на полицијата, веднаш ја застрелале! (ВИДЕО)

Глумицата Ванеса Меркез убиена е во 2018 година во нејзиниот дом од страна на полицијата. Ја застрелал еден од полицајците за време на проверката во куќата во Калифорнија во којашто живеела, пишува 6ABC.

Profimedia

Две години подоцна исплива застрашувачка снимка од моментот кога полицијата пука во глумицата.

Полицијата и Брзата помош се одзвале на повикот на сопственикот на куќата во која живеела Маркез, бидејќи наводно ѝ била потребна лекарска помош.

Profimedia

На снимката која сега исплива во јавност јасно се гледа моментот кога таа вади вештачки пиштол и вика: „Убијте ме, убијте ме!“

Снимката од камерата што ја носел еден од полцајците покажува дека кога влегле во нејзината спална соба ја пронашле како лежи на креветот затрупана со предмети.

Се слуша гласот на полицаецот или докторот кој зборува:

„Ванеса, сите се загрижена за тебе и за твојата безбедност, нè повикаа да провериме како си.“

Profimedia

Таа одговорила дека има напади, но не сакала со нив да отиде во болница, викала дека не сака да оди и ги зграпчила ножиците, а потоа го извлекла пиштолот.

Полицаецот почнал да вика: „Чекај, чекај, таа има пиштол! Пиштол!“

Ванеса не ги послушала и наводно почнала да пука кон нив. Полицајците наводно испукале осум куршуми, од кои два ја погодиле и таа починала во болница.

Подоцна се испоставило дека пиштолот што го држела Ванеса бил лажен.

 

Слични објави

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо
Се вчитува....