Вкусни, одлични, крцкави печени компири со лук и рузмарин

Печените компири се одличен прилог за месните јадења или оние од риба, а со лесна салата може да се претворат и во главно јадење на кое никој нема да може да одолее!

Ова е традиционален шпански рецепт за двослојна термичка обработка на компирот. За неговата подготовка, најдобро е да користите компир кој е богат со скроб, како што е стариот компир, бидејќи истиот нуди најбогат вкус.

Потребни состојки (за 4 до 6 лица):

– 1,5 кг. компири
– 50 гр. свеж рузмарин
– 2 поголеми главици лук
– 70 мл. маслиново масло
– 2 лажички путер
– 1 помал лимон
– сол и црн бибер

Подготовка:

Исчистете и излупете ги компирите. Потоа, исецкајте ги на коцки со еднаква големина и ставете ги во голем лонец со студена вода.

Добро посолете и поставете го лонецот на висока температура. Варете ги околу 20 до 25 минути, додека компирите не омекнат.

Во мал сад, измешајте ги исецканиот лук и рузмарин.

Исцедете ја водата од варениот компир и исушете ги.

Земете тава за печење во која ќе додатете маслиново масло. Додајте ги компирите и печете околу пет минути додека кората не стане златна и крцкава.

Потоа, извадете ја тавата од рерна, додајте ја комбинацијата од лук и рузмарин, добро промешајте, а потоа додајте го и путерот и посолете по желба.

Печете сe додека не заруменат.

Кога компирите ќе се запечат, изрендајте кора од лимон врз нив и послужете ги топли. Добар апетит!

Слични објави

За суви и миризливи пазуви наместо антиперспирант искористете го ова овошје!

Igor

Ќерката на Шабан Шаулиќ сними песна, му ја посвети нему

Igor

ЛЕСЕН, СОЧЕН И ОСВЕЖУВАЧКИ: Мраморен колач со БОГАТ фил од ЈАГОДИ (РЕЦЕПТ)

Igor

Одмор од соништата: НАЈПЛАТЕНИОТ холивудски актер со семејството во Италија (ФОТО)

Igor

Камерон Дијаз стана мајка во 48-та година!

Слободен Печат

Ели Гулдинг се враќа на сцената: Отворено за психичкото здравје и вознемиреноста

Еспресо

Остави Коментар

19 + деветнаесет =

Слични објави

УАПСЕН ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ПЕЈАЧ: Осомничен за 13 дела, меѓу кои и детска порнографија

Igor

Џенифер Лопез растури со танцот околу шипката: Погледнете како се подготвувала (ВИДЕО)

Igor

Нов виц на Андрија Милошевиќ: Ќе заборавите на коронавирусот и на сè (ВИДЕО)

Еспресо

„Што си направил од себе“: Саша Ковачевиќ драстично го смени имиџот и ги подели неговите фанови (ФОТО)

Igor

Селин Дион во Париз: Си играше со модата и со нервите на обожавателите! (ФОТО)

Igor

Лепа Брена проговори искрено: Не мијам садови и не бришам прашина, плаќам луѓе за тоа!

Еспресо