13.8 C
Скопје
16:03 - 19 април, 2024

Вкусни крофни кои се печат во рерна (РЕЦЕПТ)

Според традиционалните рецепти, крофните се пржат во длабоко масло. Со цел да ги одбегнат маснотиите, некои ја претпочитаат оваа поздрава верзија која е многу лесна за припрема.

Меките крофни се највкусни кога се топли, а нивниот вкус навистина потсетува на оние подготвени по оригиналната рецептура.

Потребни состојки:

• 500 гр. брашно
• 20 гр. свеж квасец
• 3 лажички шеќер
• 1/3 лажичка сол
• 200 мл. топло млеко
• изрендана кора од половина лимон
• едно пакување ванилин шеќер
• 3 жолчки
• 100 грама стопен путер
• мармалад или чоколаден крем за полнење
• шеќер во прав

Начин на подготовка:

Во 100 милилитри топло млеко ставете го квасецот и додадете една лажичка шеќер. Оставете на топло место да се подигне.

Во поголем сад, ставете го брашното и направете мала дупка во него во која ќе го ставите подигнатиот квасец. Потоа, додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, двете жолчки, изренданата кора од лимон и сол. Потоа, постепено додавајте ги и преостанатите 100 милилитри од топлото млеко и стопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Тестото е најдобро прво да го изматите со миксер, а кога ќе стане доволно густо, префрлете го на работната површина и почнете да месите. Кога ќе почувствувате дека тестото е компактно и не се одвојува и лепи, оставете го да отстои еден час.

Откако ќе се подигне, поделете го на 12 мали делови кои потоа ќе ги обликувате во мали топчиња. Вака подготвени, наполнете ги со чоколаден крем или мармалад по ваша желба.

Тестото ставете го на тепсија обложена со хартија за печење и малку сплескајте ги топчињата за да добијат форма на крофни. Покријте ги и оставете ги да отстојат околу 40-тина минути. Кога ќе се подигнат, премачкајте ги со преостанатата жолчка и ставете ги во рерна, претходно загреана на 180 Целзиусови степени. Печете 15 до 20 минути, се додека не поруменат.

Кога ќе ги извадите од рерна, посипете ги со шеќер во прав.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....