Витаминскиот сок од рибизла е се што ви е потребно на оваа жештина (РЕЦЕПТ)

Нешто неочекувано, но сосема прилагодено на ова топло време…

За подготовка на витаминскиот сок од рибизла е потребно:

-1 килограм рибизли
-1 килограм шеќер (за оние кои не консумираат шеќер, можат да одберат стевија, јаворов сируп и сл.)
-1 лимон или половина лимонтус

Поготовка:

Рибизлите добро измијте ги и отстранете им ги гранчињата, па со раце добро изгмечете ги. Исцедете го лимонот, па додадете ги и рибизлите. Покријте и оставете го неколку часа, а потоа добро процедете ги.
Измерете го чистиот сок, па на литар чист сок додадете малку вода, околу 300 милилитри. Спојте го со сокот, па додадете шеќер. На литар сок оди еден килограм шеќер.

Ставете го на шпорет да зоврие, па соберете ја пената. Оставете минута две да се вари, па врело сипете го во шишиња и затворете со метален капак. Доколку сакате подолго да стои, пастеризирајте го .

Вклучете ја рерната на 90 степени, ставете ги шишињата и нека стојат 90 минути во рерна. Шишињата оставете ги во рерна додека да се оладат. Оставете ги во рерната да стојат до наутро, а потоа спакувајте ги.

Ако правите помала количина, доволно е да ги ставите во врело шише, добро затворете го и оладениот сок потоа ставете го во фрижидер.

Со неколку коцки мраз, сокот е многу освежителен, доколку сакате поздрава варијанта, наместо шеќерот употребете јаворов сируп или пак стевиа, или било кој друг природен засладувач и освежувајте се во овие летни топли денови.

Слични објави

Прва фотографија по породувањето: Српската пејачка Сека Алексиќ не ја симнува насмевката од лицето, а погледнете што напиша за малиот Јован! (ФОТО)

Васко Спасоски

Секси Дона од „Чувари на плажата“ на 51 години се соблече скроз гола и се поли со… (ФОТО)

Васко Спасоски

Сопругата на францускиот актер целосно гола на насловната страница на „Photo“

Igor

КЕЈТИ ПЕРИ настапи со перика составена од 76 помали перики (ФОТО)

Igor

ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Вака се подготвува оригинална италијанска карбонара

Igor

САКА СКАПОЦЕНА ОБЛЕКА: Меган Маркл оваа година потрошила 250.000 евра на облека, а овој фустан бил најскап (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

девет + 1 =

Слични објави

Српскиот рокер конечно ПОТВРДИ дека е на лекување: Во животот пребродил многу здравствени проблеми…

Еспресо

Селена Гомез искрено: Коментарите дека сум дебела ме уништија! (ВИДЕО)

Igor

Рики Мартин се пофали со петмесечниот син: Бебето во куќата! (ФОТО)

Еспресо

Како да направите совршено тесто за домашни мекици (РЕЦЕПТ)

Igor

Жена Овен – секогаш во потрага по љубовник

Igor

Карлеуша како секси Црвенкапа, сите коментираат дека се „преполовила“ (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian