6.8 C
Скопје
08:21 - 18 април, 2024

Вистинската причина зошто Бред Пит не присуствуваше на БАФТА наградите! (ФОТО)

Многумина беа изненадени што американскиот актер не присуствуваше на доделувањето на БАФТА наградите во Лондон, со оглед на тоа што беше јасно дека ќе го освои престижното признание за најдобра споредна улога.

Profimedia

Во деновите пред церемонијата на доделувањето на БАФТА наградите, се појавија фотографии од Ројал Алберт Хол, каде традиционално се одржуваат, а на една од столиците стоеја името и фотографијата на Бред Пит. Тој играше во филмот на Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, кој минатата година беше еден од најуспешните. Бред е номиниран за најдобра споредна улога и во текот на целата сезона не пропушти ниту една церемонија.

Profimedia

На настанот БАФТА, наградата за Бред Пит ја подигна неговата колешка Маргот Роби, која го прочита говорот на Пит и се пошегува на сметка на Мегзит.

Како што јавуваат странските медиуми, Пит ги пропушти БАФТА наградите поради приватни причини, а сега е откриено и која е причината – Медокс Џоли Пит (18).

Profimedia

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит студира во Јужна Кореја, на Универзитетот Јонсеи во Сеул, а овие денови се врати во Америка, поради што актерот во последен момент ги откажа сите обврски. Со оглед на тоа што тие двајца имаат лош однос, Пит наводно се труди да го поправи, па БАФТА наградите ги стави во втор план. 

Profimedia

„Медокс е на факултет, па кога Бред дозна дека ќе биде дома во периодот кога се наградите, откажа се за да се види со него“, изјавил извор близок на актерот.

Profimedia

Анџелина Џоли го посвои Медокс во 2002 година во периодот кога беше со актерот Били Боб Торнтон, но тој никогаш не му беше татко на детето. Откако Џоли и Торнтон се раздвоија, таа после неколку години стапи во врска со Бред Пит, кој и официјално го посвои Медокс во 2006 година. Кога беше објавено дека Бред и Анџелина се разведуваат, американските медиуми постојано пишуваа за лошиот однос кој актерот го има со најстариот син од 6-те деца со Џоли, а наводно Медокс еднаш имал и физичка пресметка со својот татко. Своевремено медиумите пишувале дека момчето „повеќе никогаш не сака да го види својот татко“ и дека му забранил да присуствува на роденденската забава во 2017 година, но поедини извори тврдат дека Бред и Медокс се обидуваат да го подобрат својот однос. 

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо
Се вчитува....