13.8 C
Скопје
21:07 - 23 април, 2024

Вечерва во 20 часот ќе дознаеме каква е песната со која ќе се претставиме на Евровизија (ФОТО)

Евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам ќе биде промовирана вечерва во Дневник 2 на МТВ 1.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а фотографијата и монтажата се дело на Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Васил за песната „YOU“:

За тебе или YOU ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме, да го славиме живoтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот – продолжете да играте во ритамот на животот.

Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да ги забележиме и залудно ги трошиме.

Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток на нова приказна.

Секој од вас ќе има прилика на свој начин да ја доживее оваа песна и ги очекувам сите ваши коментари да ги споделите и да ги тагнете нашите официјални хаштази: #VasilG #YOU #OpenUp #ESC2020“

Васил ќе настапи во Првата полуфинална вечер на 12-ти мај.

Погледнете ги ексклузивните фотографии од снимањето на спотот кои се дело на Наташа Величковска.

 

Слични објави

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо
Се вчитува....