19.8 C
Скопје
11:06 - 28 март, 2024

ВЕ МАЧАТ СТРИИ: Како да ги направите помалку видливи?

За жал, факт е дека стриите нема да исчезнат, но можеме сосема ефикасно да ги направиме што помалку видливи, па дури и невидливи, односно изедначени со бојата на тенот.

Губењето килограми позитивно влијае врз самодовербата, но има и една несакана последица, особено ако се изгубат многу килограми или ако тоа се случи нагло.

Поради големите варијации во тежината, се оштетуваат колагенот и еластинот на кожата. Лекарите советуваат дека првиот чекор во спречување на појава на стрии е да слабеете постепено, а не нагло. На тој начин не се губи еластичноста на мускулите.

Ако вежбате, правете го тоа со тренер, за да избегнете грешки. Кремите за таа намена не се секогаш толку ефикасни колку што ги рекламираат. Но, две состојки сигурно можат да помогнат, ретинолот и витаминот А.

Ако ги додадете дури и во најобичните лосиони за тело, може да постигнете подобар резултат отколку со комерцијалните креми против стрии. Но, дерматолозите предупредуваат да не очекувате чуда, бидејќи стриите се трајно оштетување на кожата и може само да избледат, а многу ретко да исчезнат.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....