21.8 C
Скопје
12:43 - 28 март, 2024

ВАКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ: Кралицата Елизабета свика итен состанок поради Хари и Меган

Кралицата Елизабета свика итен состанок со цел веднаш да се реши проблемот кој ја разбранува светската јавност.

Британската кралица Елизабета Втора се очекува во понеделник да одржи состанок со принцот Хари, со цел да се обиде да ја реши кризата предизвикана од најавата дека тој и неговата сопруга Меган се повлекуваат од високите кралски должности, како и дека поради тоа во иднина тие поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка, пренесуваат медиумите од Островот.

Хари во приватната кралска резиденција ќе се сретне со својата баба во друштво на неговиот татко, принцот Чарс, и неговиот брат, принцот Вилијамс, со кого не е во најдобри односи. Меган Маркл ќе учествува на состанокот преку конференциски повик.

Како што пишува „Сандеј Тајмс“, некои од темите за кои ќе се разговара ќе биде и износот на финансиите на принцот Чарлс, кој треба да им припадне на Меган и Хари од приходите од неговиот приватен имот, прашањето за нивните кралски титули, како и опсегот на комерцијалните трансакции за кои ќе бидат овластени.

Хари, Меган и нивниот син Арчи празниците ги поминаа во Канада, а поранешната американска актерка повторно се врати таму оваа недела.

Одлуката на принцот Хари и Меган Маркл да се дистанциираат од монархијата во Британија предизвика вистинска бура од реакции во јавноста, а медиумите ширум земјата жестоко ги обвинија за лицемерие.

Хари и Меган се откажуваат од кралските должности, сакаат да бидат финансиски независни и дел од годината да живеат во Америка, а дел во Британија.

„Тајмс“ овој потег на кралскиот пар го опишува како „себичен“. Медиумите како најголемо лицемерие ја сметаат нивната желба да станат финансиски независни. Кралската апанажа, од која тие сакаат да се откажат, всушност е само пет отсто од нивните службени трошоци. Останатото им го плаќа таткото на Хари, принцот Чалрс, од приходите од својот приватен имот.

Принцот Хари и Меган Маркл се венчаа во мај во 2018 година, со раскошна свеченост во дворецот Виндзор, западно од Лондон, а минатата година го добија своето прво дете Арчи.

Во текот на последните неколку месеци и двајцата зборуваат за тоа дека многу тешко се носат со притисокот од медиумите поврзан со нивната функција.

Слични објави

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо
Се вчитува....