Вака го правеле и пред 50 години! Рецепт за кремаст и сочен сутлиаш!

Викендот е супер време за да ги изненадите вашите најблиски со некој симпатичен десерт – затоа ви препорачуваме да ги следите овие неколку лесни чекори и за брзо ќе го добиете највкусниот сутлијаш!

Состојки:

  • 100 г ориз
  • 750 мл млеко
  • 4-5 лажици шеќер (одлучете вие колку сакате да биде сладок)
  • малку ванилин шеќер или екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • кора од лимон, цимет или рендани јаткасти плодови (по желба, за декорација)
Приготвување:
  • Сварете го оризот во вода три минути (промешувајте од време на време за да не се залепи на дното), а потоа исцедете го.
  • Следно ставете го млекото во сад за варење. Во млекото додајте прстофат сол и ставете ги да зовријат.
  • Додајте го оризот и загревајте на тивок оган додека оризот не го впие млекото, но немојте да мешате.
  • Во варениот ориз додајте го шеќерот и внимателно промешајте за да ви останат зрната цели.
  • Сутлијашот сега би требало да е готов. Оставете го да се олади пред да послужете, и декорирајте по желба со некоја од горенаведените намирници. На здравје!

Совет плус: Ако имате потешкотии да ги убедите вашите деца или генерално најмладите да го пробаат овој уникатен пудинг од ориз (десертот веќе звучи попримамливо, нели?), додајте еден ред од било кое чоколадо кое ви се допаѓа, при што десертот ќе добие чоколадна боја и вкус, а кој може да одолеее на тоа?!

Слични објави

Жена-херој: Лепа Брена му го спасила животот на синот Стефан

Igor

Сите го паметиме како злобниот но и згоден заводник од Титаник – Но повеќе нема ниту трага од неговиот заводлив лик (ФОТО)

Еспресо

Дали ова е најзгодниот светски пар? Никол и Том ги покажаа своите совршени тела на плажа (ФОТО)

Еспресо

Нежната страна на Алекс Родригез: Емотивно видео за роденденот на Џеј Ло (ВИДЕО)

Igor

СТАРОМОДНАТА МАРАЈА: Пејачката призна со колку мажи спиела досега

Igor

Гога Секулиќ: Да не беа болките во грбот и Василиј, немаше да престанам со силиконите

Igor

Остави Коментар

2 × 5 =

Слични објави

МАКЕДОНЕЦ ГИ ЗАРАЗИЛ СИТЕ СО СИДА ВО ГРУПЕН СЕКС – Непознати факти за смртта на членовите на групата ЕКВ

Igor

„Беше херој, но и силувач“: Актерката ги разбесни обожавателите на Коби Брајант (ФОТО)

Васко Спасоски

Оскаровецот Хоакин Феникс на дело – Спаси крава и теле од кланица (ВИДЕО)

Еспресо

Разголена и мокра, а со задникот мами воздишки: Дали би летувале со Станија? (ФОТО)

Пејачката Едита позираше на бензинска во провокативен краток фустан! (ФОТО)

Еспресо

Омилената актерка на машката популација: Лидија Вукичевиќ гола во џакузи си игра со сапуницата! (ВИДЕО)

Васко Спасоски