18.8 C
Скопје
11:41 - 16 април, 2024

Познатата актерка Софија Вергара изгледа како девојка, а ова се нејзините трикови!

Никогаш не е доцна да започнете да водите нега за вашиот изглед.
Софија Вергара, ѕвездата од серијата „Modern Family“, е огромен стручњак за трикови за убавина, а нејзиното знаење дошло со многу години поминати во светот на шоубизнисот.

Секогаш оди и шета

Иако отворено признава дека мрази вежбање и одење во теретана, убавата Софија секогаш наоѓа мотивација за тренинг, особено кога се приближува доделувањето на некои награди или свечености. Со оглед на тоа дека монотониот начин на вежбање брзо ѝ здосадува, таа сака на секои 6 месеци да ги менува вежбите. Затоа, моментално тренира бокс, а едни од вежбите кои ги избегнува се оние кои бараат многу скокање, бидејќи како што вели таа, има лоши колена. Сепак, со години веќе вежба барем 2 пати неделно.

„Немам повеќе 20 години и знам дека вежбањето прави разлика. Тоа најдобро се гледа кај мажите и жените кои вежбаат. Работите почнуваат да се менуваат и единствено нешто што можам да направам е да одам и вежбам“, изјавила Вергара.

Софија Вергара дефинитивно е најпозната по своите облини, а нејзиниот тренер Гунар Петерсон вели дека Софија не е личност која сака трчање и ретко прави кардио-тренинг, но најмногу сака да оди.

Овој славен тренер обожава за своите клиентки да смислува интензивни, но многу интересни тренинзи кои траат најмногу 40 минути. Првите 5 минути се прави загревање, потоа следи половина час интензивен тренинг во кој го вежба целото тело и на крајот има 5 минути истегнување.

Profimedia

Урамнотежена исхрана

Актерката вели дека таа и нејзиниот сопруг се хранат здраво, но исто така додава и дека во нивната кујна ќе најдете и многу благо, бидејќи сакаат да одржуваат рамнотежа.

„Имаме многу овошје и зеленчук и готвиме свежо месо. Но, исто така имаме и сладолед и десерти кои ги јадеме за викендот. Преку неделата сепак најстојуваме малку повеќе да се контролираме“, напоменува славната Софија.

Нејзиниот тренер вели дека клучот на нејзината заносна фигура е во дисциплинираната диета. На своите клиенти, секогаш им препорачува да избегнуваат конзумирање на алкохол и шеќер доцна навечер, како и внесување на јаглехидрати во другиот дел од денот, посебно доколку се спремаат за некој важен настан.

Крема за сончање

Започнав да носам крема за сончање на лицето кога бев многу млада. Само жалам за тоа што не знаев дека заштитата од сонце треба да ја нанесувате и на вратот и деколтето, кажала Вергара.

Освен што кремата за сончање не штити од рак на кожата, исто така може да ги успори и знаците на стареење, како и брчките. Затоа важно е да се нанесува крема за сончање на сите делови од телото кои ќе бидат изложени на сончеви зраци, а особено во овие ситуации.

Profimedia

Активни антиејџ состојќи

„Како и сите, така и јас користам ретинол, но во помали количини. Со ретинол, користам и витамин Ц, исто така умерено, а делови на телото на кои испробувам многу различни производи се вратот и деколтето“, открила Софија.

Пред да нанесе шминка, нанесува крема со заштитен фактор, а пред спиење шминката ја брише со природен сунѓер кој го менува еднаш неделно, после што лицето го чисти со нежен сапун.

„Исто така користам и масло од жалфија за лицето, кое има дејство против воспаленија, ја храни кожата и ѝ дава посебен сјај“, рекла Софија.

Пет оброка дневно

Диетата на Софија Вергара е смислена така да не ги изгуби своите облини. Јаде 5 пати дневно, а секој оброк содржи правилна мерка на јаглехидрати, протеини и масти. Таа потполно се откажала од јадење мрсна брза храна, но повремено јаде сладолед и колачи. Вака се храни кога треба да изгуби по некој килограм:

Доручек – смути од свежо овошје и зеленчук без никакви маснотии

Ужина – сушено овошје или млечен напиток

Ручек – тестенини или ориз со сос кој не содржи многу маснотии

Ужина – свежо овошје или некоја каша со житарки и чаша свежо цеден сок. Таа пие многу вода, бидејќи верува дека водата допринесува до намалувањето на масното ткиво.

Вечера – таа се состои воглавно од протеини од месо или риба со јаглехидрати и зелена салата.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....