21.8 C
Скопје
14:00 - 28 март, 2024

Не само жените, и мажите се почесто сакаат да се разубавуваат со филери

Како се приближуваат новогодишните празници, така се повеќе расте интересот за третманите за разубавување со хијалуронски филери кои меѓу другото вклучуваат и пеглање на брчките, пополнување на усните, отстранување на подочниците. Ако порано главните клиенти за овие третмани биле жените, сега мажите се повеќе стануваат свесни за својот изглед и се решаваат да го вратат младешкиот изглед со современата антиејџ индустрија. Ако жените најчесто ги израмнуваат брчките и ги пополнуваат усните, мажите најчесто ги пополнуваат подочниците.

– Една клиентка вели си купив многу убав фустан за новогодишната ноќ, но моето лице со брчки едноставно не одговара со блескавата облека, па затоа мора нешто да се направи. Со два третмани успеавме да го вратиме свежиот и младешки изглед на лицето и да направиме совршено да одговара на свечената облека – вели д-р Билјана Ризеска, попозната како Биби Рисез, која иако е стоматолог по професија, во последните години се повеќе работи со хијалуронски филери.

Таа порачува дека сака комплетно убав изглед на лицето, така што, откако ќе се поправат забите, кога има потреба може да се корегираат и другите недостатоци на лицето и да се врати природниот сјај на кожата.

Хијалуронот е природен молекул кој го има во телото и кој во комбинација со водата дава волумен, ја измазнува кожата, ја одржува нејзината свежина, дава тонус на мускулите на лицето. Но по триесетата година, хијалуронот се намалува поради што и се јавуваат брчките. Најдобро е со првичните третмани да се почне по триесетата година, но тоа секако зависи од самата кожа, кај секој индивидуално.

Кај младите девојки, особено матурантките, тренд е да се зголемува волуменот на усните, што исто така се прави со хијалуронски филери.

– Дел од клиентите ги пополнуваат усните за да отстранат некаков недостаток, како што е случајот кога при насмевката изразено се гледа непцето на горната вилица. Во некои случаи има потреба од корекција поради повреда, пареза и слично.  Но тоа се прави и од чисто естетски причини. Кај матурантките е тренд, тоа најчесто го бараат како подарок за матура. Но јас инсистирам пополнувањето да биде во симетрија со целото лице и најчесто успевам да ги убедам клиентките во тоа што е најдобро за нивниот изглед. Некогаш има девојки кои доаѓаат со слика и велат сакам да имам вакви усни. Кога има потреба отворено им кажувам дека тоа што го бараат не одговара со контурите и структурата на нивното лице и дека е подобро да се направи нешто поинаку – објаснува д-р Ризес која работи заедно со својата колешка Катарина Бошковска.

Меѓу нивните клиенти се и познати личности, како ТВ водителката Билјана Дебарлиева и пејачката Дани Димитрова.

Кога се мажите во прашање, д-р Ризес таа вели дека во последно време имаат се повеќе клиенти од посилниот пол.

– Мажите едноставно стануваат повеќе свесни за својот изглед, како и за тоа дека во деловниот свет може многу подобро да напредуваат и да ги постигнат своите цели ако изгледаат свежо, помладо, поенергично. Интересно е тоа што кога доаѓаат на третман сакаат да им се обрне многу повеќе внимание и да им се даде детално објаснување, а сакаат и дискреција. На овие третмани треба да гледаме како на нешто што ќе направи подобра копија од нас самите, а не копија на некој лик од филм, ќе не врати во времето кога сме биле помлади, а со тоа и ќе ни ја зголеми самодовербата и ќе не направи посреќни и поуспешни генерално во животот –  вели д-р Ризес.

Со филерите, покрај зголемување на волуменот на устата, се корегираат и брчките околу устата и оние што се спуштаат од носот, се корегираат јаболчниците, при што се нагласува нивната структура, се пополнуваат и подочниците, со што се отстранува заморниот поглед. Ефектот од филерите во израмнување на брчките е од девет месеци до една година, а за подочниците може да трае и до две години. Третманот трае 30 минути, безболен е и после тоа може да се вратите на секојдневните обврски. Препораката е ако се решите да се разубавувате сепак тоа да го направите кај стручно лице кое во основа е медицински едуцирано, бидејќи така се избегнуваат компликации од самата интервенција, но се превенираат и можни алергиски реакции.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....