Направете сами средство за отстранување на шминката (РЕЦЕПТ)

Ова средство за отстранување на шминката е сјајно и за оние кои имаат чувствителна кожа.

Не само што е тешко да се најде средство кое навистина ќе ја отстрани сета шминка, туку е тешко и да се пронајде средство кое ќе ја отстрани, а нема да ја иритира кожата.

Еве едно такво, кое можете да го направите сами дома – тоа ќе ја отстрани шминката, а кожата ќе ви биде мека и мазна. Единствено што треба да имате на ум е дека, ако имате масна или кожа склона на акни, треба малку да ја намалите количината на кокосово масло, за средството да го прилагодите на својата кожа.

Значи, за да направите средство за отстранување на шминката, потребно вие: шолја зовриена и оладена вода, лажица ипол беби шампон, лажица кокосово масло, 1-3 капки есенцијално масло од лаванда (опционо).

Најпрвин растопете го кокосовото масло додека да стане течно, а потоа помешајте го со водата, шампонот и есенцијалното масло. Сипете ја оваа мешавина во мало шишенце и протресете за состојките да се соединат.

Најдобро е ова средство да го држите на ладно и темно место, и во шишенце кое можете да го притиснете за да можете да извадите од домашното средство за чистење директно на памукот.

Слични објави

Патот до престолот на Ријана: Од улична продавачка до најбогата пејачка (ФОТО)

Еспресо

Непроспана ноќ? Еве како да го преживеете следниот ден

Igor

Почина учителката обвинета за силување ученик за кого подоцна се омажи (ВИДЕО)

Еспресо

Фустан кој ги брише годините: Луси Лу (50) заблеска како никогаш досега (ФОТО)

Igor

За што сè можете да го користите медот

Igor

НА ШМИНКАЊЕ СО ЗОКА – петти дел

Igor

Остави Коментар

петнаесет + осум =

Слични објави

20 лесни начини за чистење на вашиот дом во само неколку минути (ВИДЕО)

Igor

Пијалок од само 3 состојки со неверојатна моќ за слабеење

Igor

Повреди кои може да ги предизвика долгото кашлање

Igor

Кои витамини ни се неопходни за забрзано слабеење

Слободен печат

ЖЕНСКИ ПРОБЛЕМИ: Како најлесно да се ослободите од подбрадокот?

Igor

Викторија Бекам без фотошоп: Имам брчки и тоа е во ред

Igor