12.8 C
Скопје
06:01 - 16 април, 2024

Три златни правила за обликување на веѓите!

Трендовите на денешницата донесоа нови правила кога е во прашање обликувањето на веѓите. Веѓите се исцртуваат, тетовираат, бојат, но останува прашањето колку тие изгледат природно и убаво на жената. Многу лесно може да се претера и жената го менува личниот опис, но во негативен контекст. Меѓутоа, стилизирањето на веѓите на соодветен начин ќе даде убавина на ликот на жената, ќе ја освежи и ќе и го отвори погледот.

Секако веѓите се разликуваат од лице до лице.

Во било која група да спаѓате, постојат 3 правила за добро обликување на веѓи кои секоја од нас треба да ги знае и почитува.

Правило број 1

Почетокот на веѓите треба да биде рамен со коската на носот. Тоа место лесно ќе го одбележите доколку со молив или четкичка притиснете паралелно од носот. Точката кај што се сечат веѓите е местото каде што тие треба да почнат.

Правило број 2

Лакот на веѓите треба да биде 2/3 од вкупната должина. Поставете го моливот така што ќе поминува преку зеницата – местото каде што ќе се пресече со веѓата е местото каде што треба да биде лакот. Најголема грешка е доколку го поставите лакот точно на средината на веѓата. Така ќе добиете облик на виножито на кој не му одговара на никој.

Правило број 3

Крајот на веѓата треба да биде на замислената точка која ја добивате кога моливот ќе го поставите од врвот на носот преку надворешниот агол од окото до линијата на веѓата. Можете и благо да ги продолжите, но никако не смеете да ги спуштите под точката од која почнуваат.

Со овие три едноставни правила, обликувањето на веѓите сосем ќе одговара на вашиот лик.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....