5.8 C
Скопје
02:18 - 29 март, 2024

ПОТВРДЕНО: Дикаприо и Де Ниро во новата драма на режисерот Скорсезе! (ВИДЕО)

Новиот филм на прославениот режисер Мартин Скорсезе ќе го носи насловот „Killers of the flower moon“, а во него ќе ги гледаме легендарните Леонардо Дикаприо и Роберто Де Ниро.

Роберт Де Ниро е овогодишен добитник на награда за животно признание од американското здружение на филмски актери, а честа тоа да го најави пред публиката ја имаше токму Леонардо Дикаприо, кој со Де Ниро последен пат глумел во 1993 година, во филмот „This boy’s Life“.

Дикаприо во текот на говорот при самото врачување на наградата, зборуваше за плодната соработка со Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, која во изминатиот половина век ни подари култни остварувања како „Taxi driver“ и „Raging bull“, додека нивното последно дело, „The Irishman“, всушност е и овогодишен кандидат за Оскар за најдобар филм.

Многу научив од Де Ниро и Скорсезе. Среќен сум што можам да ги наречам соработници. Вистинска чест ми е што по 30 години повторно ќе имам прилика да глумам со Де Ниро во новата драма на Мартин Скорсезе, „Killers of the flower moon“ – рекол Дикаприо.

Филмот ќе биде базиран на вистински настани

Идното остварување на Скорсезе ќе биде базирано врз основа на книгата на Дејвид Грен „Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI”.

Дејството во филмот се одвива во 20-тите години од минатиот век и раскажува приказна за семејство на американски домородци од племето Осага, кои своевремено биле најбогатиот народ на светот, благодарение на нафта пронајдена на нивна територија.

За Дикаприо ова ќе биде шести филм кој го снима со Саркозе, прв од „Wolf of wall street“ од 2013 година.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....