9.8 C
Скопје
06:14 - 24 април, 2024

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована открива што ќе прави со 100 евра кои ќе ги добие од државата!

Српската водителка Јована Јоксимовиќ, сопругата на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, како и секој полнолетен граѓанин на Србија ќе добие 100 евра, нешто што го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Имено, водителката во вкучила уредникот на економската рубрика од „Вечерни новости“, Душан Стојаковиќ, кој на крајот од разговорот ја прашал на што ќе ги потроши тие 100 евра.

– За 100 евра не сме зборувале. Знам на што, јас вчера го слушав економскиот експерт Љубодраг Савиќ и тој зборуваше дека тие 100 евра треба да ги добијат тие кои примаат минималец и тие кои имаат под минималните примања. Потоа кажа дека останатите, ако останат 100 и нешто милиони во касата кога би им се исплатило на сите нив, дури мислам кажа по 200 евра, останатиот дел би им го дал на докторите – започнала Јована.

Тоа е веќе некоја одлука – 100 евра да донира на докторите.

– Јас навистина ќе се заложам да се направи некаков фонд за сите оние кои немаат животна потреба за тие 100 евра, а тие 100 евра да ги уплатат во фондот на нашите доктори, бидејќи навистина мислам дека тие се најголемите јунаци, всушност ние не знаеме какви се тоа јунаци и со што се соочуваат. Ние како новинари имаме прилика со нив да зборуваме секоја недела. Неверојатна е таа жртва и посветеност кои тие ја полагаат. Така да, ете, тие свои 100 евра јас ќе ги уплатам во некоја болница, во некоја клиника – рекла Јована.

Слични објави

еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо
Се вчитува....