15.8 C
Скопје
19:40 - 24 април, 2024

Солен пилинг за лице и тело за младешка и негувана кожа (РЕЦЕПТ)

Пролетта и летото се периоди кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување. Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на топлите месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.

Потребни состојки:

– 100 грама морска сол
– 200 грама ладно цедено маслиново масло
– 10 капки етерично масло од лаванда

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.

Карактеристики:

Ситната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....