19.8 C
Скопје
11:29 - 28 март, 2024

Славниот пејач со слика во мрежести чорапи го сруши сајтот: Досега не се памети ваква продажба на насловна страница! (ФОТО)

Во понеделникот, на 16 март, лондонскиот магазин „Beauty papers“, најави дека на нивната насловна страница ќе се најде британскиот пејач Хари Стајлс (26).

На заводливите фотографии, популарниот пејач носи предизвикувачки модни париња, а на една фотографија е во мрежести чорапи и мокасини со марка Гучи, додека на следната слика носи одело на Гучи.

Кога дознаа дека згодниот Британец ќе ја краси насловната страница на овој магазин, фановите веднаш побрзаа преку официјалниот сајт да си обезбедат свој примерок.

Токму преголемиот интерес за да си го порачаат магазинот доведе до паѓање на сајтот!

Официјалната најава за ангажманот на Хари беше надополнета со едноминутно видео, кое го режираше Каспер Вакерхаузен Сејерсен.

Хари во видеото одговара на прашања, кои гледачите не ги слушаат, а облечен е во Гучи одело кое го носи и на промо фотографиите.

Од Гучи потврдија дека познатиот пејач во видеото покрај облеката носи и нивна козметика.

Познат по својот одличен вкус за мода, Стајлс често го истакнува својот личен стил во музичките видеа, како и на настапите.

Слични објави

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо
Се вчитува....